Бил уапсен затоа што има давал попуст на сиромашните!

Една од продавниците од малопродажниот ланец Гудвил во градот Нејпелс во американската сојузна држава Флорида ја повлече тужбата против својот малолетен продавач кој на сиромашните муштерии им наплатувал помалку од утврдените цени.
Одлуката е донесена 4 дена откако управата на продавницата го отпушти својот работник, 19 –годишниот Ендрју Андерсон кого исто го пријавила во полиција за причинета материјална штета од 4.000 долари. Се до вчера, продавницата ваквата одлука ја бранеше со образложение дека изгубените пари би можеле подобро да се искористат ако се вложат во некој од хумантарните прокети на Гудвил, како што е училиште за млади со пречки во развојот.
Но ден потоа доаѓа пресврт во целиот случај со тоа што Гудвил ја повлече туржбата против Андерсон.

 
– Откако спроведовме интерна истрага, утврдивме дека тој не постапил со цел да стекне лична корист, туку за да им помогне на другите, велат тие во соопштението. Андерсон до своја страна за локаланта телевизија изјави дека бил свесен дека неговите постапки не се легални и дека го сторил она за што и Гудвил се залагал.
– Ја навистина не крадев. Гудвил се рекламира како компанија која дава и помага, и јас давав и помагав, беидејќи чувствував дека луѓето тоа го заслужуваат – рече момчето во таа прилика.
Истиот ден кога е уапсен, младиот Андерсон е пуштен на слобода со кауција од 5.000 долари. Според зборовите на полицијата, бил подготвен на соработка, се извинувал и љубезно се однесувал, а ги уверил и дека парите не ги зел за себе, но и дека е спремен на продавницата да и го надомести загубеното.
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: