Бил жирант на братучед- поради туѓи долгови сега е без куќа а има две мали деца!

Приказната на ова несреќно семејство може да биде добар пример за сите- внимавајте на кого сте жирант! Постојат голем број на слични примери  во кои,оние кои што не можеле да ги исплатат ратите, „загазуваат дебело“, а таков пример е и со младото семејство,со две малолетни деца,од Пољанац во Лудбрег во Хрватска.
Имено, тие се наоѓаат во тешка ситуација поради големите заеми на нивнот роднини, на кои тие се жиранти.
Нивната куќа веќе е ставена на продажа од страна на банката.
Ирена Сабол Његовец, млада мајка која со години ја предводи борбата со банката и надлежните органи, изјавиа дека е беспомошна и дека најмногу се плаши за нејзините деца.
„Мојот татко во 1997 година беше жирант за кредит кој што го подигна неговиот братучед од Ѓаково. Беше збор за наменски кредит за винарија.
 
Сепак тој прекинал да ги плаќа обврските, а потоа во 2000 година, банката му го раскинала договорот, и ја презела нашата куќа“, изјавила Ирена.
Таа вели дека го избегнувала братучедот на татко и со години, а во меѓувреме нејзиниот татко починал од мозочен удар.
 
„татко ми се скрши. Немаше сила и почина. Роднината го немаме видено повеќе од 14 години, а мајка ми се обидуваше да го реши проблемот со банката. Интересно парично не не теретеа, но едноставно ни ја презедоа куќата. Банката ја стави куќата на оглас, без да не извести за тоа. Покрај тоа не можевме да ги платиме ратите за струја, затоа што банката е сопственик и сметките сега одеа на нејзина адреса. Сега и струјата ни ја исклучија.
 
Барав помош од центарот за социјална работа, но ми беше кажано дека со оглед на мојата ситуација, децата можат да бидат сместени во згрижувачко семејство“, вели Ирена.
 
Сега на младата фамилија, еднотавно им преостанува да бидат избркани или да ја откупат сопствената куќа, која ја изгубиле поради туѓ кредит.
Здружението на жирантите кое е основано од страна на граѓани со цел да им помогне на луѓето, е ангажирано околу младото семејство со двете мали деца.
 Извор: mkd-news.comПостојат голем број на слични примери  во кои,оние кои што не можеле да ги исплатат ратите, „загазуваат деб

Пронајдете не на следниве мрежи: