Ели Џоунс е родена со вроден деформитет на лицето поради што нејзините заби не биле во иста рамнина. Кога имала 14 години, отишла да и` стават протези и тогаш стоматологот забележал дека нејзината вилица не растела осум години.Ели посетила максилофацијален хирург кој и` помогнал да го смени својот живот во наредните шест години.
Нејзината прва операција била кога имала 16 години. Како што вели, било многу болно, а не можела ни да зборува.
– Бев на течна исхрана околу месец дена, што беше многу тешко и не можев добро да зборувам, морав да користам нотес за белешки за да комуницирам. По некое време бев во состојба да проговорам неколку зборови и шушкав поради моите потечени усни. По шест месеци се` изгледаше добро.
На Ели вилицата и` ја сечеле хоризонтално и вертикално, а година дена подоцна одела на операција за брадата бидејќи и таа била премала.
– Чувствував олеснување, конечно почувствував дека можам да бидам своја, раскажува Ели.
Операциите влијаеле добро и на нејзината самодоверба, па сега се чувствува многу посигурна отколку во минатото. Таа вели дека нејзината новостекната самодоверба најмногу се забележува во часовите по танц
– Бев срамежлива, но сега се чувствувам навистина самоуверено. Се промени целиот мој живот, рекла Ели.Ели посетила максилофацијален хирург кој и` помогнал да го смени својот живот во наредните шест години.
Нејзината прва операција била кога