Брачниот пар, Мич и Кортни Валдрон од Талапос во Џорџија, кои во брак биле само два месеци, животот од корен им се променил кога мажот на кампување направил катастрофална грешка.Имено, парот седел и уживал покрај оган кој почнал да се гаси, а Мич одлучил да стави бензин на пламенот. Огнот тогаш ја зафатил Кортни која почнала да гори.
Мич веднаш почнал да повикува помош.
-Госпоѓо, мојата сопруга гори. Те молам побрзај. Имавме оган и имаше експлозија. Ни треба помош.
Кога го прашале што ја предизвикало експлозијата, тој кажал: „Бев глуп“.
Кортни е итно однесена во болница со изгореници од 40 проценти од телото.
Поминала 51 ден во болница каде имала 20 операции, но после тоа нејзиното лице останало унаказено.
-Моите раце изгореа затоа што се обидував да го изгасам лицето. Таа вечер се чувствував како да ми гори секој дел од тело.
Кога мислела дека ништо полошо не може да и се случи, нејзиниот сопруг ја напуштил.
Само две недели откако е пуштена од болница. Мич и кажал дека ја напушта, а таа останала сама со 4 годишната ќерка и медицински сметки од два милиони долари.
Мич ја оставил во најлоша состојба. Не можела да работи и немала стан. На среќа, во помош и дошле соседите и луѓето од градата, кои и направиле куќа, а многу и помогнале со праќање пари преку интернет.
Покрај сите потешкотии, таа мисли дека тоа што Мич ја оставил е благослов.
-Мислам дека Мич би ме стопирал. Не би била толку силна како што сум денес и не би постигнала толкав напредок. Поддршката која ја добив е неверојатна. Кога денес ќе се погледнам во огледало, длабоко во себе знам дека и понатаму сум убава како што бев, вели Кортни.
Имено, парот седел и уживал покрај оган кој почнал да се гаси, а Мич одлучил да стави бензин на пламенот. Огнот тогаш ја зафатил Кортни која почнал



