Русинката Олга Москаленко (26) била пријатно изненадена од гестот на нејзиниот свекор, Милош Стојановиќ при пристигнувањето во Србија.
Имено, Милош, татко на идниот сопруг на оваа девојка, и посакал добредојде во семејството со билборд поставен во центарот на неговиот град, пренесува српски Телеграф. На билбордот е напишано на руски и српски јазик: „Добредојде Олга“.
„Кога пристигнаа Олга беше избезумена и го гледаше внимателно билбордот некое време. Тогаш почна да плаче и силно ме прегрна“, раскажува гордиот свекор.
Тој признава дека покрај намерата да ја израдува снаата, целта на билбордот е дел од неговиот таен план.
„Знам дека жената е онаа што кажува каде фамилијата треба да живее, а јас сонувам мојот Вук да се врати назад во Србија. Желба ми е да и покажам на Олга дека таа е добредојдена во моето срце, да го видат тоа и нејзините родители, а за поширокото семејство од Русија испланиравме повеќе дневна прошетка низ Србија по свадбата“ – вели Милош Стојановиќ.
Русинката Олга Москаленко (26) била пријатно изненадена од гестот на нејзиниот свекор, Милош Стојановиќ при пристигнув