Германскиот Bild пишува дека главниот осомничен за вчерашниот терористички напад во Виена чинот го најавил на Инстаграм.
Негови фотографии со оружје биле објавени на денот на нападот и терористот вчера на неговите пријатели им испратил снимка од нападот на Charlie Hebdo од пред 5 години.
Полицијата и понатаму ги истражува нападите низ центарот на Виена.
На фотографија од Инстаграм се гледа маж со брада и црна капа како позира со пушка, пиштол и мачета. Токму со тоа оружје беше вооружен и напаѓачот кој беше убиен од полицијата.
Австриските власти порачаа дека напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава. Убиениот напаѓач е 20-годишно момче.