Билд: Германците повторно се будали!

Европската унија воведе санкции против Русија, во голем дел да ги задоволи САД и да се спаси од нивниот понатамошен притисок но, големите компании на силните европски држави не се за санкции, и наоѓаат начини да соработуваат со Русија на мала врата, низ тајни канали.Многу земји на ЕУ премолчно им овозможуваат на нивните големи компании да ги заобиколат санкциите со кои требаше да се урне руската економија, банкарскиот систем и – секако претседателот Владимир Путин. Другите го прават тоа, а Германија се држи на страна од таа пракса – пишува германскиот весник “Билд”, во текст со наслов “Германците повторно се будали”
Факт е, тврди “Билд”, дека само во областа на машинската индустрија Германија уште во оваа година треба да смета на губење 25.000 работни места во германските фирми – поради санкциите кон Русија. Европската унија сака да се игра политика и да соработува со САД но, не сака да ги земе во предвид штетите од санкциите врз европската економија, пишува “Билд“ и го поставува прашањето: дали, на крајот, само Германците ќе ја платат “руската сметка“.
Уште сега, само што стапија на сила санкциите против Москва, според “Билд“, нарачките од Русија се намалени за 20 проценти. Околу 6.200 германски компании имаат свои фирми  “ќерки” во Русија.
Другите земји, и нивните компании, веднаш најдоа и применуваат дупки во санкциите со што во голем дел ја изигруваат одлуката за санкции, и им помагаат на сопствените компании да ја намалат штетатата. Со ова, пишува “Билд“ – тие од нас прават будали.
Цитирајќи примери за своето тврдење, весникот пишува дека германскиот вице-канцелар и министер за економија Зигмар Габриел, дури и пред воведувањето на ембаргото за извоз на оружје, запре извоз на центар за обука договорен како експорт на германската компанија Rajnmetal во Русија, во вредност од околу 120 милиони евра, додека Франција, и покрај договорената забрана, во Русија извезеува два носачи на хеликоптери со вредност од 1,2 милијарди евра.

Весникот наведува и други вакви примери – во Италија, Велика Британија и Австрија.
Кога станува збор за германскиот став кон санкциите за Москва, претседател на Одборот за економија на источна Германија, Екард Кордес, рекол дека германската индустрија ќе ја поддржи политичката одлука на својата влада за воведување санкции но, дека нивното спроведување ќе биде штетно и болно за германската економија.
“Ако цената мора да се плати, тогаш ние ќе ја платиме ….”, изјавил Кордес за бизнис весникот “Handelslat” во Дизелдорф, додавајќи дека ако владата во Берлин и комисијата во ЕУ сметаат дека соработката со Русија треба да има и нови санкции ” ние ќе ги подржиме целосно“ . Ова е промена на расположението на претставниците на германската економија во однос на санкциите кон Русија, бидејќи само неколку дена претходно токму Кордес изјави и предупреди дека германските компании ќе доживеат сериозна штета од санкциите против Москва.
Но, има и поинакви ставови. “Во оваа економска војна против Русија, ќе има само губитници” изјавил претседателот на Федерацијата на германските средни претпријатија, Марио Овен. Во меѓувреме, два дена по текстот во “Билд“, компанијата Мерцедес бенц соопшти дека ќе продолжи да соработува со Русија бидејќи спроведувањето на санкциите би и нанело сериозни штети кои никој од страна не би ги надоместил, а компанијата нема алтернативни сретства за надомест на таквите загуби. Многу земји на ЕУ премолчно им овозможуваат на нивните големи компании да ги заобиколат санкциите со кои требаше да се урне руската економија,

Пронајдете не на следниве мрежи: