СДС без М да ти се „навлекле“ на пароними. Тоа се зборови што се многу слични еден на друг, барем звучно, но семантички имаат сосема друго значење. Такви се ЛАБАВО и ЛАВАБО, СТРУНА и СТРИНА. Чуму во СДС без М (бидејќи М или Македонија одамна не им прилега) станале зависни од оваа гласовна измама? Епа слушнете. Од каде доаѓа Доналд Туск, последниот гостин што ни кажа дека ќе го прифатат и поддржат секое решение што ние во Македонија ќе го донесеме? Да, тој е претседател на Европскиот совет, највисокото тело на ЕУ. А од каде доаѓа Карл Билд, освен што некогаш одамна бил поранешен премиер и МНР на Шведска? Да, тој е копретседател на Европскиот совет, ама за надворешни работи. Упс! Ама истиот тој да ти бил многу лут при одбивање. Прашајте го Иванов, кој за исфрустрираниот Билд стана „нерелевантен политичар“. Маки, настрана НВО, настрана шведски…Еволуција на европските политичари. Дали ова се случува во моментов во Македонија? Звучи преоптимистички, но факт е дека паралелно со дееволуцијата на дел од македонските колеги (тие што глумат левичари, а во партијата имаат саде по некој левучар) во државата ни се случува интересен процес.
Поведени од македонската криза, која толку многу ги засега затоа што е наша, нели, минатиот месец се изнагледавме редица европски дипломати. За дел од нив, како Могерини, на пример, знаевме што ќе кажат уште пред да дојдат. Така и беше, Италијанката не ги изневери нашите очекувања и „удри“ лево, затоа што и не смее поинаку, ниту знае… По неа беше Хан. Австриецот десничар изненади многумина, ја поддржа прикаската на својата италијанска колешка (која, интересно, се римува со кокошка), но избегнувањето на изјава во камера, заминувањето со една бедна порака на „Твитер“ и уште победно, наместено интервју за „Канал 5“, само покажа дека Хан има срам и не може, ниту сака да го презентира јавно и пред сите.
Како и да е, по него следуваше вистинска социјалдемократска екстаза, проследена со групни онанирања на „Павел Шатев“. Очекувањата беа дека конечниот удар за „немиените“ доаѓа со најголемиот од посакуваните гости. Да, сета енергија и очекувања ги вложија во Доналд Туск. Тој, пак, арам да му е, слично како имењакот и речиси „презимењак“Доналд Трамп, им донесе само горчина и силно разочарување. Таксиратот од посетата на човекот што требаше да ги прекине социјалдемократските маки и да ги внесе на „Илинденска“ б.б. одекна надалеку. Можеби затоа што во меѓувреме истата таа адреса доби број, кој во меѓувреме го немаше. Слично како и многу, многу работи што во нивно време беа само пуста желба. Кредити, автомобили, станови, пензии, работни места итн.
Фалсификувана оптичка измама или само неуспешна измама со пароним?!
По поразот што им го нанесе Туск на нивните „синокрвни“ очекувања, која беше поентата на посетата на Карл Билд? Се обидоа ли социјалдемократските стратези повторно да го измамат народот, кој и така го сметаат за недоветен? Веројатно, но доколку е така, идејата уште од почетокот била инфантилна, сосема…
Ако ви текнува, Карл Билд, дојде како копретседавач на Европскиот совет за надворешни работи, една обична и по ништо посебна невладина организација, инаку основана и финансирана токму од Џорџ Сорос, т.е. Црниот Ѓорги (вистинското име му е Ѓорѓи Шварц). Арно ама, овде сведочиме на една диверзија, базирана на јазична категорија. Не дека на „Павел Шатев“ знаат за неа, но сакајќи или не, се навлекле на неа. Очајниците ќе се обидат на сѐ, нели.
Така, социјалдемократите се „навлекле“ на пароними. Тоа се зборови што се многу слични еден на друг, барем звучно, но семантички имаат сосема друго значење. Такви се ЛАБАВО и ЛАВАБО, СТРУНА и СТРИНА. Чуму во СДС без М (бидејќи М или Македонија одамна не им прилега) станале зависни од оваа гласовна измама?
За потсетување. Од каде доаѓа Доналд Туск,тој добриот, последен гостин што ни кажа дека ќе го прифатат и поддржат секое решение што ние во Македонија ќе го донесеме, ама сами? Да, тој е претседател на Европскиот совет, највисокото тело на ЕУ.
А од каде доаѓа Карл Билд, освен што некогаш одамна бил поранешен премиер и МНР на Шведска? Да, тој е копретседател на Европскиот совет, ама за надворешни работи.
Упс! Речиси исто. Разликата е што ова „здружение“ на Билд е едно обично европско НВО, ништо повеќе, ништо помалку… Можеби звучи исто, но не помина. Ниту во Македонија, што рекле оние „шарените“, или, подобро кажано, шареноглавите, кои, конечно, (барем во ерата на „Гугл“) , за промена, треба да престанат да го потценуваат сопствениот народ. A тој, пак, треба да престане да го преценува капацитетот на социјалдемократските недоветни стратези и јуришници. Така, „љубовта“ би била двострана, нели…
Билдовото патешествие: Дојде, виде и ифрит лут замина…
Кога зборуваме за Карл Билд, кој поради истиот „спонзор“, едноставно, мораше да му доде на помош на СДС без М и на неговиот актуелен мецена и сродна душа Еди Рама, зборуваме за искусен политичар, кој многу добро ги познава балканските констелации. Можеби токму затоа тој толку се извади од умот, силно се изненади и изнервира токму во Македонија? Како и да е…
Да, истиот тој Билд, кој во моментов е советник на украинскиот претседател Петро Порошенко, бил и специјален пратеник на ЕУ во војната во Југославија, а потоа и висок претставник во Босна и Херцеговина, за да замине на позиција специјален пратеник за Балканот во ООН. Да, Шведска меѓу првите го призна Косово, а Карл Билд е првиот министер за надворешни работи што го посети Косово по прогласувањето на независноста. Случајности, поврзани со естаблишментот на САД, нели…
Е, истиот тој Билд, кој откако Катица Јанева е целосно разголена, а нејзиниот „чадор“ и послушните амбасадорски „чадорџии“ се сосема разоткриени, сега мораше да дејствува по принципот „повикај пријател“ за да му дојде на помош на СДСМ без М. Веројатно не му било лесно, ниту, пак, очекувал ваков прием во Македонија. Зборуваме за човекот што одлично се сеќава на нашата држава во 90-тите, а ништо полошо и потоа. Мора да доживеал силен шок кога претседателот Иванов одби да се сретне со него.
Веројатно, за него ова било страшно. Вистински шок доживеал Швеѓанецот со норвешко потекло кога еден Македонец, макар бил претседател, нели, кажал не за средба со некаков втор човек на уште понекаква невладина организација. А тој дошол токму поради него. Затоа што средбата со Заев не може да промени ништо, со Села, Али и со Касами уште помалку. Во моментов, токму Иванов ги држи конците в раце. А конците се викаат мандат, кој го налага и Уставот врз кој прават глупости и толкувања. Сето тоа, пак, го поддржува многу, многу народ на улица, уште повеќе по дома. Викинзите, од кои потекнува Билд, сметаат дека кога ќе дојде крајот на светот, небото ќе им падне на глава. Веројатно, на 18.4.2017 година, барем еден дел од небото, паднал врз Карловата глава. Макар било и македонско…
Кога ве издава јазикот, или порака на „твитер“
Колку и да се луѓето од север студени, јазикот е тој што ја откри врелината на лутината на Билд. На почетокот на денот се криеше зад своите пораки на „Твитер“, нова „финта“ на светските политичари. Да, знаат дека на истиот тој „Твитер“ никој нема да го види изразот на нивното лице, фацијалната експресија, црвенилото и нервозата, па пишуваат ли пишуваат по цел ден.
Така беше и со Билд, кој почна со патетични пораки на „Твитер“ за демократијата, ЕУ, парламентот и за неговата заглавеност и слично. Арно ама, кај Заев мораше да излезе и јавно да настапи, затоа што поинаку тоа и не би било поддршка.
– Македонија е предводена од Македонци, но Македонија сака да биде членка на ЕУ, односно да ги продолжи преговорите и јас лично ја поддржувам во тој процес со години. Тука е, секако, проблемот со името, но и други проблеми што треба да се решат. Постојат демократски стандарди што треба да се почитуваат, ако сакате да бидете дел од ЕУ – изјави Билд по средбата со челниците на СДС без М.
Ајде што се отвори и си ја кажа маката со нашето име, за која не дообјасни како таа кореспондира со „демократските“ стандарди на ЕУ, но Билд заборави и да ни дообјасни дали тиранската платформа е дел од тие стандарди? Дали и ЕУ има сличен пример кога две соседни земји ѝ кројат Влада, „програма“ и парламентарно мнозинство на друга држава? Овде наидовме на молк, целосен мрак. Не ја ни спомена, затоа што таа била лага. Така барем велат од СДСМ.
Не заборави да „протне“ и дека нашиот проблем бил во Уставот, ама од друга перспектива: „Устав, кој е усогласен со тој на ЕУ, а тоа понекогаш може да претставува проблем, тоа ни е познато“, изјави Билд. Дали притоа мислеше на членот 90 од истиот тој Устав, чијашто безобразна недореченост се должи токму на неговите миленици од „Павел Шатев“, истиот Устав што не подразбира втор мандатар?
Рама прозборува низ Шилегов, Шилегов низ Билд
Две „чуда“ се случија дента во Македонија.
Истиот тој ден кога во македонското Собрание се случи откровение и кога низ еден пратеник проговори соседен премиер, малку подалеку (40 километри од Скопје) еден ексевробирократ и сегашен раководител на НВО од Шведска проговори со речникот на врхушката на македонските социјалдемократи. Со јазикот на соросоидите, поточно.
Да, во парламентот преку Петре Шилегов прозборува албанскиот премиер Еди Рама. Така, како за Еди, така и прво за Шилегов во милата Македонија, тиранската платформа стана мит. Со истите зборови,очигледно, многу му се допаднале на Петрета. Арно ама, и двајцата утнаа.
Митот е куса епска творба, која, во основа, содржи вистина или верување. Митот ја претставува културата на еден народ или на едно општество. Под мит, често се подразбира лекција во форма на приказна што има длабока објаснувачка или симболичка резонанција за предлитературните култури, кои ја задржуваат и слават мудроста на нивните предци низ усните традиции на вештите раскажувачи. Литературата многу често ги презема темите и мотивите од митот и од фолклорот. Всушност, литературата потекнува од мит, кој потоа станал народна приказна. Со текот на времето, митовите се видоизменуваат и стануваат бајки, легенди и преданија. Со пренесувањето од колено на колено, митовите се основа за многубројни литературни преработки и тогаш прераснуваат во книжевни митови.
Како свети приказни, митовите секогаш се однесуваат на некои клучни, кризни, трансформациски мигови на човечката судбина. Митот е еден вид архетип на човечкото искуство со светот.
Најважното за Шилегов и за неговиот ментор и гуру Рама, во основата на митот секогаш лежи вистина. Настрана, тиранската платформа не може да биде мит затоа што е „стара“ само три месеци. За мит требаат векови, милениуми. Статива…
И додека Шилегов се преобразуваше во Рама (или драма) еден Швеѓанец доживеа иста таква, чудна или не, трансформација. Почна во Скопје, ескалираше во Тетово, а крешчендото го достигна на заминување од Полошко.
Соочен со силниот емотивен удар од неприемот и немањето средба со Иванов, Билд почна да се трансформира во Хајд уште во Скопје. Но додека во главниот град, нервозата само тлееше, вистинското лице го покажа во Тетово. Таму, по средбата со Ахмети, на прашањето за „корпата“ од Иванов, изјави:
– Среќен сум поради тоа бидејќи немам многу време, така што, дури и да сакаше да се сретнеме ќе немав време за таква средба бидејќи треба да се сретнеме со главните играчи на политичката сцена – рече нервозниот Билд.
За негова жал, иако нѐ смета за дел од неразвиените и нѐ гледа како некоја колонија на ЕУ, и кај нас има интернет. За уште поголема жал, се покажа дека уште на 4 април, истиот тој Билд молел за средба со Иванов, користејќи силни епитети и воспевајќи го името Горѓево до небесата. Арно ама, ништо од тоа. Затоа, пак, за да му врати на претседателот, кој не прими еден копретседавач на НВО, Билд си кажа „треба да се сретнеме со главните играчи на политичката сцена“. Ууууу, Билд, ова беше под пазуви. Можеби би дејствувало некаде, но овде дојде како патетичен плач на отфрлена девојка, која сега му се одмаздува на фраерот што ја баталил. Настрана, не поради друга, туку,едноставно, ја баталил.
Очигледно, воопшто не му било лесно на Билд, па мораше да си повтори и на заминување:
„Го напуштам Скопје по цел ден интензивни разговори со сите соодветни политички лидери. Следна станица е Белград“, напиша Билд на заминување, нагласувајќи, за инает, дека се сретнал со сите „соодветни лидери“. Добро „враќање“ за Иванов, нели. Малку пубертетлиска, ама како дел од Соросовата матрица, одлично составена…
Во тој момент, а и претходно, се случи обратната духовна трансформација. Како што Петре стана Еди, така сега Карл стана Петре. И сето тоа од само половина час дружба со него, Заев и Радмила на „Павел Шатев“?!
Не е ни чудо, што освен „враќањето“ кон Иванов и патетичните посланија за Уставот, името и ЕУ, ништо друго не остана по Билд. Веројатно, најтешко му било токму на „Павел Шатев“. Очигледно, имал тешка мака за да им објасни дека за да ја разрешат од страна наметнатата криза, ќе мораат да одат на нови избори…
Текст објавен во 242. број на неделникот „Република“, 21.4.2017Еволуција на европските политичари. Дали ова се случува во моментов во Ма­