Фатени се киднаперите на девојките Аманда Бери, Џина де Хесус и Мишел Најт, кои биле заробени во куќата на авенија Симор,а Ариел Кастро ги држел во заробништво.
Всушност, соседите на Ариел Кастро, кој цела деценија држел затворени три девојки во куќа во Кливленд, откриле дека виделе три голи девојки како на раце и нозе одат по дворот, додека тројца мажи ги воделе како кучиња.
Соседот Израел Луго кажал дека жена му ја видела сцената, и дури кажал дека случајот го пријавил во полиција, но никој не дошол да провери.
Луго, кој живее неколку куќи оддалечен од Кастро, додал и дека во ноември 2011 слушнал тропање по прозорците на куќата, од кои дел бил покриен со пластични кеси. Тогаш дошла полициска патрола, но само тропнале на вратата и си заминале. Тој кажал и дека во паркот го гледал Кастро со девојче, за кое се откри дека е ќерка на една од киднапираните девојки, но грабнувачот му кажал дека е дете на неговата девојка.
За сите жалби и пријави на соседите кливлендската полиција одговорила дека не се забележани од страна на диспечерите.
Трите девојки биле неколку пати бремени и имале неколку спонтани абортуси поради неухранетост, јавила локалната телевизија Њуз ченел 5.
Британски Дејли Мејл објавил и информација дека во куќата биле родени најмалку пет бебиња и дека тројцата уапсени браќа ги тепале девојките за кај нив да предизвикаат абортус.Фатени се киднаперите на девојките Аманда Бери, Џина де Хесус и Мишел Најт, кои биле заробени во куќата на авени