Билјана е самохрана мајка цепи дрва и копа канали за да ги прехрани своите 10 деца!

Билјана Кокиќ (32) од Брод е самохрана мајка на 10 деца и секој ден треба да обезбеди најмалку 33 оброци.Пет деца одат на училиште, па за нив е потребен школски прибор и хигиенски средства до кои се потешко се доаѓа. Сега се потстанари, но не плаќаат кирија. 
– Сепак, има надеж за ова семејство да има свој кров над главата – велат од општината.
Во семејството Кокиќ најстарата ќерка има 13 години и заедно со нејзината мајка таа го носи најголемиот товар.
– Се грижи за нив, ги носи на училиште, помага околу домашните задачи и покрај сѐ таа е одлична ученичка – вели Надежда Ристановиќ, психолог во основното училиште „Свети Сава“ од Брод.
На семејството Кокиќ помагаат и професорите од училиштето. Започнале акција за петте основци и обезбеден им е по еден оброк дневно во училиштето.
Сепак, сонуваат за свој покрив над главата.
– Најтешко е да се дојде до пари, бидејќи кога и да работиш некоја чесна работа, обично ја работиш за минималец. Затоа работам сѐ, од цепење на дрва до копање на канали – раскажува оваа самохрана мајка.
– Сакам само моите деца да имаат свој дом – вели Билјана. Семејството добива 250 конвертибилни марки (127 евра) месечно детска заштита поради двете деца со пречки во развој.
Од општината и Министерство за бегалци и иселеници договориле на ова семејство да му се изгради стан од 80 квадратни метри.
– Во склоп на станбена зграда, една станбена единица со најголема површина ќе припадне на семејството Кокиќ – вели Гордана Брковиќ Вујиќ, директорка на Центарот за социјална работа.
Изградбата на дом за семејстовто Кокиќ би требало да започне следната година.Пет деца одат на училиште, па за нив е потребен школски прибор и хигиенски средства до кои се потешко се доаѓа. Сега се потстанари, но не плаќаат к

Пронајдете не на следниве мрежи: