Билјана се вљуби во бегалец од Сирија: „Расплакано 5-годишно девојче ми го смени животот“

За бранот мигранти од Блискиот исток, медиумите секојдневно известуваат. Нивните тажни судбини се нешто што не може да се заобиколи, а повиците за помош пристигнуваат од сите страни.Билјана Т., е Македонка која живее во Прешево, град кој се наоѓа во јужниот дел од Србија, недалеку од границата со Косово и Македонија.
Петнаесет години била во брак со Милутин, но љубовта исчезнала со годините. Разводот бил неизбежен. Причината за разводот била неможноста на Билјана да му роди наследник на Милутин.
Тој се преженил и добил две деца со втората сопруга, со којашто се преселиле во Белград.
Билјана не можела да се вљуби во никој друг по него и мислела дека никогаш повеќе нема да најде некој поради кој ќе ѝ затрепери срцето и ќе се почувствува сакано.
Но, судбината не може да се предвиди.
Откако ги испратила роднините на железничката станица, мислела дека повторно ќе им се врати на рутината и секојдневните обврски. Сѐ до моментот кога едно расплакано петгодишно девојче не ѝ го пресекло патот кон излезот од железничката станица.
„Едноставно не можев да ја опишам тагата во нејзините крупни и насолзени црни очи. Ми дојде да ја земам во прегратки и да ја убедам дека сѐ ќе биде во ред“ – раскажува Билјана.
Не можела да издржи и ја понудила со шише вода, кое секогаш го носи со себе.
Девојченцето исплашено и со неодлучност се повлекло наназад, не знаејќи како да реагира.
Зад него се појави маж со средна висина, прашувајќи ја Билјана колку пари чини да ѝ ја откупи водата.
„Не можев да им поверувам на сопствените уши. Каков човек би била кога би му наплатила за шише вода“ – се запрашала Билјана.

Љубезно на англиски му одговорила дека е тоа чин на човечност и дека само сакала девојченцето да се напие вода. Тој кимнал со главата и Билјана му го дала шишето со вода на девојчето.
Додека детето се освежувало, таа го прашала мажот од каде доаѓа.
Тој ѝ објаснил дека доаѓа од Сирија и дека е самохран родител, бидејќи веќе пола година е вдовец. Неговата жена и другата ќерка загинале при гранатирање на Рака.
„Видов тага и очај во неговите очи. Нешто одвнатре ме натера да им понудам сместување и да ги згрижам кај мене, макар на неколку дена. И така сум сама“ – раскажала таа.
Така и биднало. Јаман со неверување го прифатил нејзиниот предлог, бидејќи не сакал да помине уште една непроспиена ноќ во прифатен центар или под ведро небо.
Неопислива била радоста на малечката Нуда, која по долго време добила шанса да спие на мек кревет и во чисти алишта.
„Немав играчки за да ѝ дадам да си игра, бидејќи мислев дека никогаш и нема да доживеам да слушнам детска смеа во домот“ – вели Билјана.
Откако ги оставила да се одморат и да ја повратат силата, Билјана наредниот ден ги прашала дали би сакале со неа да се прошетаат малку низ градот. Со малку резервираност прифатиле и ја однеле Нуда во локалниот парк да си игра.
Додека Нуда си играла, Билјана и Јаман имале можност да разговараат и подобро да се запознаат. Како што минувале деновите, Билјана и Јаман станувале сѐ поблиски.
Нивното ново пријателство имало тенденција да стане нешто многу поголемо. Јаман ѝ признал на Билјана дека одамна не почувствувал дека со некого може да зборува за сѐ и сешто, како и дека долго не ја видел Нуда насмеана по смртта на нејзината мајка и сестра.
Било јасно дека се вљубуваат еден во друг. Но, како можеле да се справат со чувствата и светот кога тие требале да го продолжат патот во Германија?
Јаман и Нуда престојувале 8 дена кај Билјана. Дошло време да си заминат. Иако тие живееле на нејзин грб што се однесува на трошоците, Јаман не сакал да ѝ остане должен.
Утрината пред да си заминат, тие си размениле броеви и се договориле да бидат во контакт, па ако имаат среќа да стигнат во Берлин и да се спасат од сопствената голгота, ќе ѝ се јави за да дојде да живее со нив.
Таа се збогувала со нив и помислила дека неговите зборови се слатка лага.
Нешто повеќе од месец дена не слушнала ниту еден глас од нив, сѐ додека еден ден не ѝ пристигнала порака дека се во Берлин.
Не можела да им поверува во очите. По ентузијастичната порака, пристигнала друга, во која Јаман ѝ рекол да провери под креветот. Кога Билјана се стрчала да види, ја дочекала порака којашто била залепена врз помала кутија. Кога ја отворила, забележала дека во кутијата се наоѓаат пари.
„Ти благодарам за сѐ. Ти успеа да вдомиш двајца странци и да им дадеш верба дека сѐ уште постојат добри луѓе. Одамна не ја имам видено Нуда волку насмеана и можам само тебе да ти се заблагодарам за тоа. Никогаш нема да те заборавам и ќе мислам на нас и нашата иднина сѐ додека не успеам да застанам на нозе. Не се лути за парите. Ти нам нѝ подари нешто повредно од нив.
Јаман“.Билјана Т., е Македонка која живее во Прешево, град кој се наоѓа во јужниот дел од Србија, недалеку од границата со Косово и Македонија.
Пе

Пронајдете не на следниве мрежи: