Ленче Ристоска, една од помошничките на Kатица Јанева, одржа пред некој ден прес-конференција. Така јавноста слушна за т.н. преклузевен рок, рок во кој нешто мора да се исполни. А таков не бил рокот од 20 дена во кој Зоран Заев требаше да ги предаде снимките, што е олеснување за сите нас. Инаку, некои од нас мислеа дека без тие снимки Лилето и нејзината шефица не можат да водат постапка за кој било предмет бидејќи индициите ги црпи од копии. А на копиите може да има с`, но и не мора. Посебно кога тие копии ги правел некој што е обвинет за кривично дело. Името на предметот за тоа кривично дело е „Пуч“. И, така, имаме специјално обвинителство чија појдовна основа во работата се копии направени од обвинет. А оригиналите поради кои е подигнато обвинението за „Пуч“, поради кои е формирано специјалното обвинителство и поради кои постојат предметите за наводните изборни нерегуларности, си остануваат кај обвинетиот. Оти рокот не бил преклузивен.Што би било еднакво на ситуација кога некој од уапсените во Дива Населба, оние што учествуваа во убиството на осум полицајци, би доставил снимки до Јанева и Ристоска. Односно копии од снимки. На цеде купено за 10 денари од трафика. И тие да отворат предмет против Сашо Мијалков зашто го имало на копиите. А оригиналите од снимките да останат кај обвинетиот за тероризам. Си ги чува човекот во шкаф во Шутка оти рокот не е преклузивен. А ние ваму ќе даваме четири милиони евра.
Инаку, Ристоска оперира со терминот изборни нерегуларности. Внимавајте, не сомнеж или нешто слично, туку изборни нерегуларности. Импресивен настап за стекнување доверба за професионалност и објективност, нема што!
Патем, последниот проект на УСАИД со некакви си контравести почна неславно. Но, важно се свртела некоја паричка. Односно, доларче, што е најбитно во секоја американска приказна. Поради тоа, многу би сакале да знаеме дали другарите од УСАИД и другарот Џес Бејли им кажале на оние од кои нивната демократска власт наплаќа даноци како овде ги фрлаат нивните пари. Наплаќаш данок од некојси во некоја дупка во САД 10.000 километри далеку од овде и му ги трошиш на емисии во земја што тој и не знае каде е. Зашто тоа било борба за слобода. И за демократија. А човекот има хипотека, деца за кои треба да плаќа факултет, нема пари за приватен лекар, а државниот не му чини, па не знае кој пат да го фати, отплаќа два автомобила, само што купил нов телевизор на црн петок поминувајќи со само една гребаница… С` на с`, му се крева косата на главата, од грижи веќе ништо не знае, освен едно – дека мора да плати данок. За тој данок да отиде некаде во п…. материну преку океанот на емисија на која ќе ги ослободеле Македонците од режимот и медиумите на режимот за кои говореше и легендата од Муртино. Ха, Турците за ваква работа во наследство ни имаат оставено еден збор – билмези.
Но, ајде малку да си играме со претпоставки. На пример, дека Владата на Никола Груевски троши пари од буџетот за да плаќа емисии, да кажеме, на Филипините. И дека од тие емисии не се офајдиле само некои Филипинци кои му се лигават на нашиот амбасадор таму, туку и домашни новинари (еве, на пример, изберете двајца од милениците на Заев во „Сител“) кои отишле да ги подучат Филипинците дека не треба да им се допаѓа некој нивен „Дневник“. И нивната влада за која тие гласале на избори. Фер избори, ама затоа ние ќе платиме тамошни медиуми и ќе направиме емисии кои ќе велат дека не биле фер за да се оправда тврдењето на политички ментор на тие медиуми дека не изгубиле на изборите зашто не ги бива, туку затоа што биле украдени. И сето тоа да се најдеше на некоја од снимките на Заев или чадорот. Дали, другари, таа ситуација ќе влезеше во некој предмет на Јанева?
Да не останат незабележани уште неколку моменти: Никола Попоски успеа да издејствува од Јоханес Хан поддршка за поддршката за препораката под услов да сме имале чесни избори за разлика од досегашните. Нели? Што е завиден успех на нашето Министерство, инаку наречено „тезга“. Потоа, уште го нема Оливер Спасовски за фалсификуваните лични карти. И тоа, ако не се лажеме, беше нешто во стилот фалсификувани избори. И за крај, СДСМ го квалификува интервјуто на Груевски за „Прес 24“ како уште еден доказ за режимските медиуми. Ајдеее! А кога Заев даваше изјави од плочник во Тел Авив додека во заднина се шетаат луѓе по гаќички и интервјуа по хотелски соби со придушено светло – тоа беше доказ за слобода, нели? И, така, изложувате национална телевизија за да му наштетите на портал. Бистро, многу бистро.
Дарко Јаневски за ДневникШто би било еднакво на ситуација кога некој од уапсените во Дива Населба, оние што учествуваа во убиството на осум полицајци, би доставил снимки до