Бимилк организира предновогодишни театарски претстави за деца

Битолската млекарница во соработка со театар Дел Арте-Битола ја организираа театарската претстава „Битолското чупе и Дедо Мраз“ за сите деца од основните училишта и градинките во Битола.По повод новогодишните празници, млекарницата Бимилк заедно со театарот Дел Арте-Битола организираа театарска претстава за деца насловена „Битолското чупе и Дедо Мраз“. Изминатите два дена, театарската претстава беше одиграна шест пати и на неа присуствуваа околу 4.000 дечиња од сите основни училишта и од поголемите градинки во Битола.
Во духот на празниците претставите беа бесплатни за сите посетители. Во рамките на овој настан беше одржан и ликовен конкурс на тема „Битолското чупе и Дедо Мраз“ на кој со свои цртежи се пријавија повеќе од 3.000 деца.
„Ни претставува вистинско задоволство осмислувањето и реализацијата на настани на кои се дружиме и се забавуваме заедно со децата. Детската радост е она што ги прави новогодишните празници посебни и различни од било кој друг празник и затоа оваа година заедно со нашите пријатели од театарот Дел Арте ја поставивме театарска претстава за деца Битолското чупе и Дедо Мраз. Во прашање е прекрасна новогодишна бајка во која имаа прилика да уживаат децата од сите основни училишта и поголемите градинки од Битола. Интересот за присуство беше навистина голем и затоа претставата во текот на изминатите два дена беше прикажана шест пати.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.
По повод новогодишните празници, млекарницата Бимилк заедно со театарот Дел Арте-Битола организираа театарска претстава за деца насловена „Би

Пронајдете не на следниве мрежи: