Ни вчерашната средба на претставниците на четирите партии со евроамбасадорот Аиво Орав и претставник од Амбасадата на САД, по десетдневниот прекин на преговорите, не донела никакво поместување за Избирачкиот список, медиумите и за барањето на СДСМ – Уставниот суд да се изјасни за законитоста на специјалното јавно обвинителство, пишува Дневник.Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА прво на билатерални средби со странците ги повториле партиските позиции. Претставниците од големата четворка иако седнале и на заедничката маса, немало приближување на ставовите за ниту една од темите.
– Разговорите продолжуваат, се надевам наскоро ќе продолжиме – изјави кусо евроамбасадорот Орав без да даде процена дали е оптимист дека е можнн наскоро да се постигне договор.
Груби од ДУИ оцени дека напредок е што претставниците воопшто седнале на преговорите.
– Разговаравме за избирачкиот список и медиумските реформи, за датум за избори не се договара, кога ќе има нешто конкретно, ќе бидете известени – рече Груби.
Шекеринска од СДСМ рече дека опозицијата настапила со конкретни иницијативи и предлози за спорните прашања.
– С` уште не сме стигнале до датумот за избори и преодна влада, најпрвин мора да ги договориме условите за избори. СДСМ во континуитет предлага иницијативи као да се решат спорните прашања и тоа е возможно за брзо време, но потребна е политичка волја – смета Шекеринска.
Дознаваме и дека тешко одело усогласувањето во ДИK меѓу партиските членови од власта и од опозицискиот СДСМ за да договорат работен состанок, на кој треба да се прецизира кои гласачи повторно треба да бидат предмет на проверка од работната група. На последниот состанок на ДИK со партиските и претставниците на САД, ЕУ, ОБСЕ и невладини организации што следат избори беше договорено работната група да направи нова проверка на оспорените од опозицијата записи во Избирачкиот список. За СДСМ, останаа спорни над 170 илјади записи за македонски државјани, кои повеќе од три месеци се надвор од државата. Партијата на Зоран Заев бара тие гласачи да се евидентираат на посебен извод и да се пријавуваат за гласање во дипломатските претставништва. Проблем се и 42.000 избирачи што при теренската проверка не биле најдени. СДСМ бара тие да се избришат ако сами не се пријават.
Ова на нозе ги крена партиите на Албанците ДУИ и ДПА. За партиите на Али Ахмети и на Мендух Тачи е неприфатливо да се избрише ниту еден гласач без претходно да се провери. Според нив, најголем број од гласачите што ги спори СДСМ се Албанци.
Токму поради ова, ДУИ бара ДИK да ги објави со име и презиме сите гласачи што ги оспорува СДСМ, да ги категоризира, за конечно да се расчисти со прашањето има или не таканаречени фантомски гласачи во Избирачкиот список.
– ДИK да ги стави на увид на јавноста сите 170.000 гласачи што според СДСМ треба да бидат означени со ѕвездичка како дијаспора и 42.000 гласачи што не биле пронајдени при теренската проверка. Така секој ќе може да види дали е во Избирачкиот список. Доколку во рок од 45 дена од увидот лицето не се пријави, да може да се избрише од листата. ДИK да ги категоризира тие гласачи за да видиме кои се. Бараме ДИK да направи кампања и во земјава и во странство за да се анимираат тие граѓани сами да се пријават дека имаат право на глас и треба да се дел од Избирачкиот список – вели Артан Груби од ДУИ..
Тој викендов на социјалните мрежи напиша дека од 176.000 гласачи за кои СДСМ бара да бидат означени во посебен Избирачки список како дијаспора, 107.000 се Албанци.
ДУИ бара кампања од ДИK оти не верува дека 170.000 гласачи се иселени и треба да бидат означени со ѕвездичка во посебен избирачки список.
ДУИ со кампања ќе ја алармира албанската дијаспора
Партијата на Али Ахмети освен што ќе бара ДИK да организира кампања за да ги анимира гласачите дома и во дијаспората да се пријават дека се реални, а не фантомски гласачи, и самата ќе се растрча по изборни единици, како и во странство да ги анимира тие избирачи.
– Дијаспората има право да гласа или дома или во дипломатско-конзуларните претставништва. Албанската дијаспора е нераскинлив дел од Албанците во Македонија, поради меѓусебната зависност и традицијата на заедничко живеење и покрај оддалеченоста, што ја прави албанската дијаспора посебна во тие карактеристики. Ќе правиме кампања и за поддршка од дијаспората не само за пратеник повеќе од таму, туку поради значењето што го има дијаспората во политичкиот и општествениот живот во Македонија – ни изјави партискиот портпарол Бујар Османи.Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА прво на билатерални средби со странците ги повторил