Белгиски програмери создале необична видео игра „Битка за Доњецк“, користејќи податоци од бојното поле во Донбас. Креаторите на играта велат дека таа е создадена да ја крене свеста кај луѓето за случувањата на истокот од Украина и дека пропагира мир, а не војна.„Битката за Доњецк носи антивоена порака. Не зазема ниту еден политички став, ниту ги поддржува насилството и конфликтот“, изјавил еден од програмерите на студиото „LuGus“.
Имено, во оваа видео игра, правилата се едноставни: избирате една од двете страни (украинска или руска) и добивате мисија која што треба да ја исполните.
Не е важно дали ќе победите или загубите, па дури и ако сосема го уништите непријателот, по завршувањето на секое ниво на екранот ќе пишува „Играта е завршена“, што е симболичен потсетник на постојаното страдање на цивилите од почетокот на конфликтот во Украина.
„Играта е готова! Победивте во битката, но ја загубивте играта. Има премногу настрадани цивили!“, е пораката која постојано се појавува на екранот по одиграното ниво.
Програмерот кој ја развил видео играта, Белгиецот Кевин Хелтерман, изјави дека се одлучил да го направи овој чекор затоа што „многу мал број луѓе имаат претстава за тоа што навистина се случува во Украина“.
„Сакав барем малку да го привлечам вниманието на страдањето на невини цивили. Можно е да се победи во мојата игра и да се стигне до крај. Потребно е само малку размислување. Ние не сме на ниту една страна. Ние само сакаме да покажеме што значи војната. А тоа е невините жртви! Во војната нема добри и лоши“, изјавил Хелтерман.
“Battle For Donetsk” is a browser game that allows you to fight Ukraine’s current war https://t.co/cSsYO86QlX pic.twitter.com/FWnSwCDyCA
— Popular Science (@PopSci) March 24, 2015
„Битката за Доњецк носи антивоена порака. Не зазема ниту еден политички став, ниту ги поддржува насилството и конфликтот“, изјавил еден