Она пред три месеци беше мисловна именка од денеска е реалност – Биткоинот вреди над 6000 долари, односно над 5000 евра.Она пред три месеци беше мисловна именка од денеска е реалност – Биткоинот вреди над 6000 долари, односно над 5000 евра.
Како што пренесува Коиндеск Биткоинот од денеска е на нова рекордна височина и нема очекување дека ова ќе застане. Со ова е соворен рекордот од 13 октомври кога цената постигна максимални 5856 долари.
Со ова искачување пазарната вредност на Биткоинот се приближи на фантастичните 100 милијарди долари. Прашање на часови е кога и оваа бариера ќе биде пробиена.
На што се должи ова скокање деновиве се прашувате? Имено на 25 октомври, за помалку од недела дена се очекува формирање на нов токен, кој по се изгледа ќе се вика Биткоин Голд. Секој што го поседува Биткоинот ќе добие еквивалент и во овој токен. Еден за еден.
Неговата вредност на почеток може да постигне помеѓу 5 и 15 проценти од вредноста на Биткоинот. Тоа во денешните бројки е помеѓу 300 и 900 долари.
Токму поради ова забележани се незапаметени тргувања со Биткоинот. Само денеска волуменот е 1.7 милијарди долари.
Многумина од вас сеуште не знаат многу за овој феномен па затоа препорачувам да се прочитаат текстовите кои ги гледате како линкови тука и секако на рагот можете да отидете до сите текстови кои досега на ПУЛС24 беа објавени.
Дали е можно до нова година да видиме и петоцифрена вредност на Биткоинот останува да почекаме да видиме. Но, како што сега стојат работите ништо не е невозможно.Она пред три месеци беше мисловна именка од денеска е реалност – Биткоинот вреди над 6000 долари