Нема неосвоива територија за Биткоинот. Ги прегази сите други криптовалути и ги надмина сите краткорочни очекувања – се тргува над 7000 долари денеска. Што е следно? Веќе пишувавме дека Биткоинот полека но сигурно станува феномен на моредното живееење. Се појави скромно и тивно пред девет години и два дена. Долго време беше неразбрана технологија и комјутерски комплициран баук. Никој сеуште нити го видел ни запознал креаторот, кој е веќе меѓу најбогатите милијардери во светот…
Потоа полека започна да навлегува во сите пори. Сите почнаа да зборуваат за него. Многумина посакаа и да го имаат. Но малкумина го имаат. Тој има ограничена бројка od 21 милиони токени и е невозможно да има ниту еден повеќе од тоа.
Денеска веќе вреди многукратно повеќе од златото. Ги надминува сите други вредности познати на човекот. Како за илустрација дневното тгрување на светските крипто берзи во моментов му е над 4 милијарди долари на ден.
Што е следно? Некои викаат до Нова година дека ќе вреди над 10.000 долари. Некои посмели велат дека оди накај вредноста од 50.000 долари по токен. Најхрабрите велат дека во блиска иднина еден токен ќе вреди 1 милион долари…
А што мислите вие?
Прочитајте ги и останатите текстови на оваа тема. Ги имате на таготовите подолу. Ќе ме интересира вашето мислење. Пишете го на официјалниот маил или коментирајте на фејсбук страната на пулс.Веќе пишувавме дека Биткоинот полека но сигурно станува феномен на моредното живееење. Се појави скромно и тивно пред