Битола успешно ја реализира програмата за работа во 2016 година

Општина Битола успешно ја реализира програмата за работа во 2016 и е подготвена за реализација на проектите планирани за 2017 година бидејќи најголем дел се завршени, изјави градоначалникот Владимир Талески на денешната прес конференција во овој град.
 Според Талески 2017 година ќе биде година на активности во сферата на градежништвото кои посебно ќе бидат видливи во индустриската зона „Жабени“, старата битолска касарна и на повеќе места во градот каде е предвидена реконструкција на 100 нови улици.
– За нас прв мотив и концепт во работата беше создавањето услови за намалување на невработеноста во градот и како водечка општина во делот на продажба на неизградено земјиште ја создадовме индустриската зона „Жабени“. Денес во зоната, во фабриката „Кромберг и Шуберт“  работаат околу 3.000 лица, а наскоро ќе се вработат уште 1.500, но вработувања ќе има и во новите три компании „Челмак“ од Турција, „Цераметал“ од Грција и „Натуралија фуд“ од Италија, истакна Талески.
Во јавниот отчет за сработеното во минатата и плановите за работа во оваа година, градоначалникот Талески најави реконструкција на влезовите во градот, изградба на нов спортски објект и пречистителна станица за што очекува и владина поддршка.
– Пречистителната станица е голем и значаен проект за општина Битола и истиот го реализираме со Министерството за животна средина. Тоа е инвестиција вредна околу 25 милиони евра и очекуваме изградбата на колекторскиот систем да почне кон крајот на годината. Пречистителната станица ќе биде лоцирана меѓу селата Логоварди и Долно Оризари, посочи Талески.
На денешната прес конференција градоначалникот на општина Битола Владимир Талески најави изградба на споменик на војводата Александар Турунџев.Според Талески 2017 година ќе биде година на активности во сферата на градежништвото кои посебно ќе бидат видливи во индустриската зона „Жабе

Пронајдете не на следниве мрежи: