Битолскиот бездомник најверојатно бил смртно претепан од неговиот пријател со кого заедно живееле во напуштена куќа, а не од разбојници како што тврдеше сега осомничениот.Денеска, битолската полиција го обвини 54- годишниот бездомник Пеце Андреевски дека е можниот убиец на неговиот 48- годишен цимер Сашо Дахан, кој со повеќе повреди врз главата и телото, пред три дена беше пронајден мртов во нивното врталиште кај напуштената куќа на улица “ 4- ти Ноември“ во Битола. Според СВР- Битола, Андреевски извршил убиство врз својот пријател со дрвен предмет, а потоа се обидел да го прикрие, упатувајќи се кај соседите за помош.
-Констатирано е дека трагите на пријавениот укажуваат, дека истиот е можен извршител на делото. Убиството е извршено на подмолен и свиреп начин , каде се нанесени видливи повреди по главата и телото. Од обавениот разговор со сторителот кој бил хоспитализиран, дал повеќе пати контрадикторна изјава дека и самиот бил удиран од непознати лица со безбол палки- рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Андреевски, од самиот почеток даваше изјави дека со убиениот Дахан биле нападнати од непознати разбојници.
-Се слушна нешто, а јас бев во паника и во сон. Станав и ме удрија неколку пати по глава и мене и јас после се изгубив и не знам што стана- рече пред три дена Пеце Андреевски, осомничен за убиство.
Сепак, по извршената обдукција на починатиот, како и увидот во доказите, констатирано е дека немало насилно влегување, дека иако немало никакво светло, обвинетиот опишувал некакви напаѓачи. Но, трагите и прибавените докази, упатувале токму на него, дека е можниот сторител, особено што, двајцата често биле во алкохолизирана состојба и имале физички пресметки со меѓусебни повреди, бидејќи Андреевски се сомневал дека неговиот пријател му става отров во алкохолот. Денеска тој беше сослушан од јавен обвинител и изречена му е мерка притвор до 30 дена.Денеска, битолската полиција го обвини 54- годишниот бездомник Пеце Андреевски дека е можниот убиец на неговиот 48- годишен цимер Сашо Дахан, кој с