среда, 25 ноември 2026
Најново

Битолскиот бездомник бил претепан од својот цимер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Битолскиот бездомник најверојатно бил смртно претепан од неговиот пријател со кого заедно живееле во напуштена куќа, а не од разбојници како што тврдеше сега осомничениот.Денеска, битолската полиција го обвини 54- годишниот бездомник Пеце Андреевски дека е можниот убиец на неговиот 48- годишен цимер Сашо Дахан, кој со повеќе повреди врз главата и телото, пред три дена беше пронајден мртов во нивното врталиште кај напуштената куќа на улица “ 4- ти Ноември“ во Битола. Според СВР- Битола, Андреевски извршил  убиство врз својот пријател со дрвен предмет, а потоа се обидел да го прикрие, упатувајќи се кај соседите за помош.
-Констатирано е дека трагите на пријавениот укажуваат, дека истиот е можен извршител на делото. Убиството е извршено на подмолен и свиреп начин , каде се нанесени видливи повреди по главата и телото. Од обавениот разговор со сторителот кој бил хоспитализиран, дал  повеќе пати контрадикторна изјава дека и самиот бил удиран од непознати лица со безбол палки- рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Андреевски, од самиот почеток даваше изјави дека со убиениот Дахан биле нападнати од непознати разбојници.
-Се слушна нешто, а јас бев во паника и во сон. Станав и ме удрија неколку пати по глава и мене и јас после се изгубив и не знам што стана- рече пред три дена Пеце Андреевски, осомничен за убиство.
Сепак, по извршената обдукција на починатиот, како и увидот во доказите, констатирано е дека немало насилно влегување, дека иако немало никакво светло, обвинетиот опишувал некакви напаѓачи. Но, трагите и прибавените докази, упатувале токму на него, дека е можниот сторител, особено што, двајцата често биле во алкохолизирана состојба и имале физички пресметки со меѓусебни повреди, бидејќи Андреевски се сомневал дека неговиот пријател  му става отров во алкохолот. Денеска тој беше сослушан од јавен обвинител и изречена му е мерка притвор до 30 дена.Денеска, битолската полиција го обвини 54- годишниот бездомник Пеце Андреевски дека е можниот убиец на неговиот 48- годишен цимер Сашо Дахан, кој с

Поврзани вести