Битолското чупе ги учи децата за здрави навики

Преку приказната за битолското чупе во куќата на витамините, Бимилк овој месец организира активности со кои ќе се поттикнуваат здрави навики кај децата на претшколска возраст.Овој месец, за сите деца на претшколска возраст Бимилк организира дружење со битолското чупе кое на децата ќе им ја раскаже приказната од сликовницата насловена „Битолското чупе во куќата на витамините“. Ова е првата сликовница од едицијата „Авантурите на битолското чупе“ чија приказна на забавен начин ги едуцира најмладите и ги поттикнува нивните здрави навики.
Главната хероина во приказните, битолското чупе во текот на месец септември ќе посети повеќе детски градинки низ земјата, како и домот за деца без родители „11-ти октомври“ и училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“ со цел да се дружи и да ги едуцира децата за витамините и нивното значење, преку приказни, цртежи и песнички. Првата средба се одржа деновиве во градинката 11-ти октомври во Скопје, каде повеќе од 120 дечиња се дружеа со битолското чупе, рецитираа песнички и ја добија сликовницата за подарок.
За сите дечиња кои нема да имаат прилика да се дружат со битолското чупе, сликовницата „Битолското чупе во куќата на витамините“ ќе имаат можност да ја добијат доколку во следните два викенда ја посетат Зоолошката градина во Скопје или пак ја нарачаат сликовницата преку Facebook страницата на Бимилк со пополнување на формуларот за бесплатна нарачка на сликовницата. На овој начин сите заинтересирани можат да си ја нарачаат сликовницата бесплатно, а Бимилк им ќе ја испорача преку пошта на домашна адреса.
„Едицијата Авантурите на битолското чупе произлезе од идејата како на интересен и забавен начин да ги едуцираме децата на претшколска возраст, за здравата исхрана и здравиот и активен начин на живот. На наше големо задоволство, сликовницата е одлично примена, добиваме позитивни реакции и од децата и од родителите, што претставува поттик плус да ја збогатиме едицијата со уште повеќе наслови во иднина.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.
На радост на најмалите, наскоро, Бимилк ќе ја претстави и втората сликовница насловена како „Битолското чупе на пат околу светот“.Овој месец, за сите деца на претшколска возраст Бимилк организира дружење со битолското чупе кое на децата ќе им ја раскаже приказната од сликовниц

Пронајдете не на следниве мрежи: