Ако ви се чини дека вашиот тип е затворен во својот свет и тоа ве фрустрира, тогаш погледнете ги следните трикови што ги споделува Мет Хјустон во својата нова книга.Имено, тој тврди дека завршената врска може да се врати многу едноставно, а тоа најдобро им оди од рака на оние жени кои кај својот „мажјак“ успеале да ја пробудат улогата на заштитник, но ја задржале и својата самосталност. Ако партнерот почувствува дека има целосна контрола врз вас, ќе ве остави, па затоа никогаш не покажувајте дека ви е страв од раскинување.
Главни причини заради кои мажите ги оставаат жените се:
-Недостаток на предизвици во врската
-Ако девојката е несигурна
-Ако сакате да контролирате
-Ако сте љубоморна
-Ако сте наметлива
-Ако сте склона на рутини
Откако го знаеме ова, ако мислиме да излеземе од оваа рамка а и понатаму да го вратиме саканиот, еве неколку правила:
-Нема јавување: Немојте прва да се јавувате на бившиот барем три недели. Тоа правило помага да покажете дека не се чувствувате несигурно без него, па ќе се запраша зошто.
-Не смеете да му дадете емотивна поддршка: Оваа поддршка ќе ја бара во облик на секс, а вие не сакате само секс, туку сакате да го придобиете неговото срце.
-Ако ве исконтактира: Пуштете го тој да го води разговорот, делувајте расположено, завршете го разговорот набрзо, почекајте подолго пред да го возвратите повикот, а ако се видите однесувајте се среќно и радосно. Никако депресија и солзи.
-Ако не ве исконтактира: По три недели трпение, сега можете тоа да го направите. Разговарајте со него како со стар пријател, а не како со бивш дечко. Повикајте го на кафе, но строго пријателски.
-На следната страница погледнете го НАЈВАЖНИОТ ОД СИТЕ СОВЕТИ:
-Продолжете понатаму! Колку и тоа да е тешко, вие сте личност со свој живот. Избришете се што ве потсетува на него, не ги гледајте неговите профили на социјалните мрежи, но не го бришете. Соберете ги во кутија сите подароци што ви ги дал, фантазирајте за други, сеќавајте се само на негативните аспекти од врската.
Откако ќе го заинтересирате, време е да го направите љубоморен. Ако почнете да излегувате со други, а тој дознае, ќе се исплаши дека ве губи засекогаш. Можете да го направите љубоморен и преку социјалните мрежи.
Забавувајте се, фотографирајте се на секој чекор, имајте машко друштво меѓу себе.
Што ако тој веќе излегува со други девојки? Не треба да покажувате љубомора, ниту да го игнорирате, или не дај боже, да бидете непристојна и груба. Ако имате прилика да ја запознаете неговата нова половина, ракувајте се, кажете дека ви е драго што се запознале и кажете им дека изгледаат добро заедно.
Ако се смирите, тука се и прашањата што треба да си ги поставите себеси:
-Кои квалитети сакате да ги поседува вашиот партнер?
-Кои од нив ви се многу важни?
-Кои стравови ги имате во врските?
-Во кои работи најмногу уживате во животот?
-Што најмногу цените кај себе?
-Одговорите на тие прашања лежат длабоко во нас, но мораме да ги знаеме бидејќи момците сакаат до себе да имаат жена што знае што сака.Имено, тој тврди дека завршената врска може да се врати многу едноставно, а тоа најдобро им оди од рака на оние жени кои кај својот „мажјак&l