Неверојатно е што се жените ставале во вагината низ историјата, некои методи се задржале до денес, а одредени ги „заскокоткале“ научниците па ги пробале.Најсатриот некогаш пронајден кондом датира од 1642 година. Бил некој вид футрола за пенис изработен од животинско ткиво налик црево за колбаси. Го пронашле во дворецот Dudley во Англија. Историчарите откриле и илсутрации стари 3000 години на кои се гледа како мажите носат заштита на пенисот. Се претпоставува дека се работи за црева од некои животни.
Имало многу идеи за заштита при секс во историјата, а некои се толку бизарни и гадливи што е тешко да се поверува дека биле спроведени на дело.
Половина лимон на грлото на матката
Казанова користел половинки исечени лимони така што ги ставал во вагината на својата љубовница, како капаче на грлото на матката. Освен што преминот на спермата бил блокиран, киселината дополнително ја уништувала.
Тестиси од лисица на влезот од вагината
Една од најбизарните методи било носење на тестиси од лисица. Жените ги носеле на колковите, близу вагината, а ногата од животното ја ставале околу вратот. Се верувало дека тестисите од лисицата создаваат магична бариера која ја спречува можноста за зачеток. Можно е оваа метода да работела на принцип мажот да ја изгуби ерекцијата кога ќе ги види сите тие реквизити на жената.
Восок од уши од мазга
Во средниот век мазгите имале совршени чисти уши. Нивниот восок го ваделе луѓето, го собирале во садови и го користеле како бариера помеѓу спермата и јајниците.
Ги пареле вагините на чај
Во древна Индија жените имале брутала утринска техника. Ги пареле своите вагини на посебен чај и така ги убивале сперматозуидите кои баш се брзале кон нивните јајцеклетки.
Чепчиња од измет од слон и крокодил
Ниту изметот не поминал незабележително во светот на контрацепцијата во древна Индија и Египет. Од изметот од слоновите и крокодилите жените правеле чепчиња и ги ставале во вагините. Киселината од изметот ги убивала сперматозуидите.
Морски сунѓер во вагината
Жените на Медитеранот практикувале натопување морски сунѓер во лимунов сок и така сунгерот го пикале во вагината пред секс. Киселината го правела своето.
Коска од црна мачка околу вратот
Црните мачки во средновековна Европа внимавале добро да не бидат здогледани од луѓето. Нивните коски жените ги носеле околу вратот, а коската морала да биде извадена од левата страна од телото на мачката. Доколку жената сепак останела бремена, тогаш тврделе дека мачката не била доволно црна.
Црева од животни како кондоми
Една од најсарите и веројатно најупотребуваните методи е црево од свиња или некое друго животно. Пред секс го го потопувале во млеко за да биде меко.
Напиток од жива и олово
Проститутките во древна Кина несаканата бременост ја спречувале на екстремен начин, пиеле пијалоци кои содржеле жива и олово. Со текот на времето металите се таложеле во телото, во сите органи. Поради тоа имале сериозни здравствени проблеми, а неретко и умирале.Најсатриот некогаш пронајден кондом датира од 1642 година. Бил некој вид футрола за пенис изработен од животинско ткиво налик цре