БИЗАРНА СМРТ: Често ја џвакала својата омилена мастика, и од неа починала?!

Д-р Пол Грифитс, искусен патолог на Болницата Мористон, вели дека за нејзината смрт можеби довело и тоа што премногу често џвакала мастика без шеќер, што има лаксативно дејство.Пречестото џвакање на мастика можеби допринело за смртта на деветнаесет годишната Саманта Џенкис од Фелинфоул во Велс, тврди патологот кој ја правел обдукцијата.
Саманта починала во својот дом, откако се онесвестила. Пред тоа се жалела на главоболка, а истрагата покажала дека изненадната смрт предизвикала хипоксија (отекување на мозочното ткиво) предизвиканаод недостаток на сол, магнезиум и калциум.
Д-р Пол Грифитс, искусен патолог на Болницата Мористон, вели дека за нејзината смрт можеби довело и тоа што премногу често џвакала мастика без шеќер, што има лаксативно дејство.
Тој ја анализирал омилената гума за џвакање на починатата, и открил дека таа содржи засладувачи како сорбитол и аспартам, кои британската агенција за контрола и безбедност на храна ФСА и другите одговарачки органи во САД ги оцениле како безбедни.

 

Д-р Графитс вели дека 14 мастики дневно одговара на „значајната количина“ засладувачи, а ако Саманта џвакала 16 парчиња дневно, тоа би можело да придонесе до намалување на нивото на солта, магнезиумот и калциум во организмот.
Тој истакна дека нема забележано смртни случаеви предизвикани само од лаксативни дејства со џвакање мастика, но дека „Бритиш медикал журнал“ пишувал за пациентите кои изгубиле на тежина под влијание на засладувачи.
Во текот на обдукцијата др Графитс пронашол 5 „големи парчиња“ светлозелена боја мастики во желудникот на Саманта, што никогаш претходно не му се има случено.
Тој вели дека ќе достави извештај до британското одделение за контрола на лекови во врска со можното штетно дејство на преголемото дневно внесување на засладувач како што е аспартам, преку производи како што се мастики, газирани пијалаци и диетски производи. Пречестото џвакање на мастика можеби допринело за смртта на деветнаесет годишната Саманта Џенкис од Фелинфоул во Велс, тврди патологот кој ја праве

Пронајдете не на следниве мрежи: