Бизарни синдроми: Хамбургерска астма, вжарен задник…

Мелодијата кој константно се појавува во увото и  која не може да престане да свири, добила и свој медицински назив – црв во уво. За разлика од обичното повторување на песната која ни се врти во глава, црвот во увото го следи континуирана музика која се чини како да доаѓа однадвор, а е проследена со главоболки и несоница. Се лечи со апчиња за смирување.Синдром „Алиса во земјата на чудата“
Ова бизарно пореметување ја искривува перцепцијата на поединецот, па предметите и луѓето му делуваат поголеми или помали отколку што се. Синдромот може да влијае и врз чувството за поминато време, па пет минути се чини како да се пет часа, а потоа целиот ден може да „пролета“. Овој синдром може се појави кај луѓето кои страдаат од хронични мигрени и епилепсија, а може да биде последица од мозочни лезии по пад на глава. Најчесто е минлив и безопасен.
Прслук што крши прсти
Хирурзите во лондонската болница St. George забележале неколку случаи на кршење прсти кај младичи кои „нестручно“ откопчувале прслуци. Еден од таквите аматери бил 27-годишен маж кој си ги вплеткал прстите во прслукот на својата партнерка и притоа го оштетил лигаментот во средниот прст од десната рака.
Амнезија во близина на банкомат
Уште е позната како и претерана грижа за сигурноста на пиновите, поради кои луѓето во таа состојба ментално се блокираат и не можат да се сетат на својот пин код. Тоа секојдневно им се случува на поголем број луѓе, а причината поради тоа е преоптовареноста со информации. Стручњаците истакнуваат дека не постои страв од сериозни болести, доколку тоа се појавува повремено.

 
Лакот на шетач на кучиња
Оваа болна состојба е предизвикана од воспаление на зглобот при шетање на поголема раса кучиња. Константното повлекување на миленикот додека ја душка грмушки, дупки, отвори и други животни, предизвикува оток и вкочанетост на зглобот, а се лечи со носење на посебен завој.
Црв во уво
Мелодијата кој константно се појавува во увото и  која не може да престане да свири, добила и свој медицински назив – црв во уво. За разлика од обичното повторување на песната која ни се врти во глава, црвот во увото го следи континуирана музика која се чини како да доаѓа однадвор, а е проследена со главоболки и несоница. Се лечи со апчиња за смирување.
Хамбургерска астма
Иако звучи како родителска лага, децата што јадат хамбургери повеќе пати во неделата, имаат значително поголем ризик да страдаат од астма. Научниците за ова го обвинуваат поголемото количество на сол во хамбургерите, бидејќи поради неа се зголемува волуменот на крвта во малите жилички во белите дробови, а кислородот потешко успева да навлезе во крвотокот.

 
Инфекција со Ајпод
Преголемата употреба на Ајпод може да предизвика бактериска инфекција, а причина за тоа се слушалките. Луѓето што редовно користат слушалки имаат и до илјада пати повеќе бактерии во ушите од оние кои повремено ги користат.
Вжарен задник
Овој синдром уште се нарекува и јалапроктитис, се опишува како чувство на жарење и печење во задникот, посебно по јадењето на лута храна.
Караоке грло
Напрегнувањето при пеењето, може да донесе големи последици за грлото. Ваквите појави се чести кај аматерите што сакаат да ги импресионираат луѓето со своето пеачко знаење на вечерите за караоке. Така, тој вид на воспаление на грлото си доби и свој назив – караоке ларингитис.
 Синдром „Алиса во земјата на чудата“
Ова бизарно пореметување ја искривува перцепцијата на поединецот, па пред

Пронајдете не на следниве мрежи: