Бизарно: И ја отсече главата на колешката поради исламот

На жена од  Оклахома ѝ е отсечена главата, а осомничениот според полицијата сакал и другите колеги да ги преобрати во исламот.FBI го истражува минатото на Алтон Нолен, поради многу веројатна верска заднина на убиството, откако поранешните колеги сведочеле дека се обидувал да ги убеди да преминат во муслиманската вероисповед.
Нолен, кој неодамна се преобратил во исламот, добил отказ непосредно пред убиството, соопштила локалната полиција.
Триесетгодишниот Нолен бил ранет од огнено оружје од полицаец во текот на напад во складиштето за храна на компанијата „Vaughan Foods“ во местото Мур, предградие на Оклахома Сити. Тој е хоспитализиран и се очекува дека ќе заздрави, соопштила полицијата.
Тој е осомничен дека ја убил 54-годишната Колин Хафорд и дека со нож ја избодел 43-годишната Трејси Џонсон чија состојба е стабилна. Нолен неколкупати со нож ја избодел Хафорд и потоа ѝ ја отсекол главата, а полицаецот го застрелал во моментот кога со истиот нож се обидувал да ја убие и Џонсон.
Американските медиуми потсетуваат дека сунитските џихадисти во Ирак и во Сирија објавија неколку видео снимки на кои се снимени свирепите егзекуции со обезглавување на двајца американски новинари и на еден британски хуманитарен активист.FBI го истражува минатото на Алтон Нолен, поради многу веројатна верска заднина на убиството, откако поранешните колеги сведочеле дека се обидувал

Пронајдете не на следниве мрежи: