Некои луѓе се надеваа дека 2016 година ќе заврши пред 31 декември. Самопрогласените пророци од Јутјуб тврдеа дека поседуваат доказ дека крајот на светот ќе следи откако ќе дојде до промена на половите на Земјата, со што на компасот би се свртел северот на југ и обратно.Меѓутоа, таквите пророци не знаат дека Земјата постојано ги менува магнетните полови, а тоа на никого, освен на луѓето коишто произведуваат компаси, не прави големи проблеми.
НАСА веќе реагираше на ваквите тврдеа кои периодично се појавуваат на интернет и соопшти во 2012 година дека нема простор за грижа.
„Науката покажува дека менувањето на магнетните полови, зборувајќи од позиција на геолошки временски периоди, е многу чест случај кој постепено се одвива во текот на еден милениум“ – објаснуваат од НАСА.
„Иако условите кои што доведуваат до менување на магнетното поле не се целосно предвидливи, северот може суптилно да ја смени својата позиција. Не постои ништо што во милиони години од геолошката историја укажува дека поради тоа би можело да дојде до крај на светот. Сепак, менувањето на половите би била добра работа за производителите на магнетни компаси.“Меѓутоа, таквите пророци не знаат дека Земјата постојано ги менува магнетните полови, а тоа на никого, освен на луѓето коишто произведуваат компаси