недела, 29 ноември 2026
Најново

Бизнимен налетал на рибар и почнал да го прекорува: Неговиот одговор ДОЛГО ЌЕ ГО ПАМЕТИТЕ!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден бизнисмен кој шетал по плажата во едно мало бразилско село, здогледал еден рибар како седи под дрвото, пуши цигара и ужива во преубавата глетка која била пред неговите очи.Кога бизнисменот го запрашал зошто седи под дрвото и пуши, а не работи ништо, тој му одговорил дека уловил доволно риби за еден ден.
Бизнимсенот налутено му рекол: Зошто не уловиш повеќе риби наместо да седиш тука под сенката и да губиш време?
Рибарот го праша: Што ќе правам со толку риби? 
Бизнисменот: Рибите би можел да ги продадеш и кога ќе заработиш доволно можеш да си купиш поголем чамец.
Рибарот: Што би правел тогаш? 
Бизнисменот: Би можел да одиш да ловиш на средината од морето и да фатиш уште повеќе риби и ќе заработиш уште повеќе пари. 
Рибарот: И што ќе правам тогаш?
Бизнисменот: Би можел да купиш повеќе чамци и да вработиш повеќе луѓе и ќе заработиш уште повеќе пари. 
Рибарот: Што би правел тогаш? 
Бизнисменот: Можеш да станеш богат човек, бизнисмен како јас. 
Рибарот: Што би правел тогаш? 
Биснимсенот: Па, потоа можеш да уживаш во својот живот.
Рибарот: Зар не е тоа што сега го правам? 
*Не морате да чекате утре за да бидете среќни и да уживате во животот. Не морате да се збогатите за да можете да уживате во животот.
Животот е само момент и треба да го проживеете целосно. Како што некои мудри луѓе рекле: Твоето богатство не е тоа што го имаш, не се материјалните добра кои ги поседуваш, туку во она што уживаш.Кога бизнисменот го запрашал зошто седи под дрвото и пуши, а не работи ништо, тој му одговорил дека уловил доволно риби за еден ден.
Бизним

Поврзани вести