„Бизнис Инсајдер“: Македонија има најниски даноци на глобално ниво

Бизнис Инсајдер ја стави Македонија на прво место меѓу државите со најниски даноци во светот. Просечната даночна стапка во земјава од 7.4% е најмала на глобално ниво.
 Интернет порталот ја направил листата врз основа на последното рангирање за глобална конкурентност на земјите од страна на Светскиот економски форум и пресметката за вкупно даночно ниво од Светска Банка. Просечната даночна стапка е збир од данокот на добивка, социјалните придонеси, даноците на труд кои ги плаќаат фирмите, данокот на имот и други такси и даноци.
Според Бизнис Инсајдер, Македонија е единствена земја во светот со општа даночна стапка на бизнисот пониска од 10 проценти. На листата на 29 држави со најниски даноци се забележува концентрација на држави богати со нафта лоцирани на Арапскиот Полуостров. Веднаш по Македонија, втор на листата е Катар, а трет Кувајт, додека речиси сите земји од овој регион се рангирани меѓу првите 10 држави со најниски даноци.
 
Од Балканот, 11-та на листата е Хрватска со просечна даночна стапка од 18.8%. Црна Гора која има еден од најниските даноци на добивка од 9% се наоѓа на 17-то место, додека Босна и Херцеговина нема уште долго да остане на 21-то место, бидејќи тамошната влада планира зголемување на данокот на добивка годинава. Последна 29-та на листата е Бугарија со просечно даночно ниво од 27%.Интернет порталот ја направил листата врз основа на последното рангирање за глобална конкурентност на земјите од страна на Светскиот економски фору

Пронајдете не на следниве мрежи: