Економската и деловната клима во 17 држави кои го користат еврото е подобрена во февруари, четврти месец по ред, благодарение на зголемените индустриски нарачки, извести во средата Европската комисија.Индексот на деловната клима што го изработува ЕК во еврозоната порасна за неочекувано силни 1,6 поени, на 91,1 поен, сигнализирајќи продолжување на закрепнувањето започнато во ноември минатата година.Индексот за 27-члената Европска унија во февруари се зголеми на 1,2 поени, на 92 поени.Расположението во фабриките во зоната на примена на единствената европска валута се поправи во февруари и менаџерите во анкетата изнеле подобри прогнози темелени на очекуваното производство и обемот на вкупни нарачки. Довербата благо е подобрена и во услужниот сектор.
МакфаксЕкономската и деловната клима во 17 држави кои го користат еврото е подобрена во февруари, четврти месец по ред, благо