Кои се приоритетите, какви се очекувањата и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис-климата во Македонија, за овие прашања дискутираа претприемачите и претставниците на микро, малите и средните компании од кавадаречко – неготинскиот регион на деловната средба организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија. Претставниците на компаниите ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат секојдневно во создавањето на одржлив бизнис, деловност и обезбедување иднина за своите компании.„Како национално тело што ги застапува интересите на бизнис-заедницата во Македонија ги преземаме сите можни чекори да ја дадеме нашата поддршка за претприемништвото на микро, мали и средни претпријатија и со тоа да обезбедиме што подобри услови за работа. Тоа вклучува реформски зафати, законски измени, економски стратегии. Оваа средба е токму во насока на тоа компаниите да можат да ни кажат непосредно со што се соочуваат и какви пречки им го сузбиваат развојот и воопшто оперативноста. Врз основа на нивните искуства и сведоштва после тоа ние можеме соодветно да делуваме и да придонесеме за создавање на поволна бизнис клима во сите индустриски сектори и нивоа на оперативност“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог-политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлог-политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Ова е првиот од серијата промотивни настани кои ќе се одржат во повеќе градови на Македонија и со кои ќе се опфатат голем број компании.
Во овој регион има приближно 2300 микро, мали и средни компании а најчести индустриски гранки во кои се активни се трговија на големо и трговија на мало, преработувачка индустрија, транспорт и складирање, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.„Како национално тело што ги застапува интересите на бизнис-заедницата