Преку директни и непосредни средби со компаниите од тетовскиот регион, Бизнис Конфедерација на Македонија ќе ги подобрува деловните можности и перспективи на малите и средни, локални компании. На заедничката средба, што се одржа во Тетово беа изнесени поедините проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион. Врз основа на сознанијата и заклучоците, ќе се постават приоритетите и ќе се изнаоѓаат конкретни решенија за подобрување на бизнис климата во Македонија и создавањето на одржлив бизнис.„Нас како конфедерација што ги застапува интересите на бизнис заедницата во Македонија, ни се исклучително важни овие директни средби со деловните партнери. На овој начин, со излегување на терен, разговори и дебати можеме непосредно да ги слушнеме компаниите од микро, мал и среден раст со кои проблеми се соочуваат и на какви препреки наидуваат во своите развојни планови. Колку повеќе изнесат и колку се подетални во своите изјаснувања, толку ние можеме да бидеме поефикасни во изнаоѓањето решенија. Врз основа на сето она што го кажуваат, ние предлагаме реформски зафати, законски измени, економски стратегии како би обезбедиле што подобри услови за работа“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлог политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. По средбите со претприемачите од кавадаречко – неготинскиот и охридско – струшкиот регион, ова е трета средба на Бизнис Конфедерација на Македонија со локалните компании. Директните средби со бизнис заедницата ќе продолжат и понатаму со промотивни настани во повеќе градови од државата, со што ќе бидат вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери со цел подобрување на бизнис климата во земјата.„Нас како конфедерација што ги застапува интересите на бизнис заедницата во Македонија, ни се исклучително важни овие директни сред