Бизнисмен ќе им ги плаќа казните на жените што се капат во буркини

Откако неколку европски држави им забранија на жените капење во буркини на јавните плажи, еден бизнисмен од Алжир одлучил да им ги плаќа казните на сите жени коишто ќе ја прекршат оваа одлука.Рашид Неказ, богаташ, претприемач и борец за човекови права од Алжир, се понуди да им ги плаќа казните на жените во Франција кои нема да ја почитуваат забраната за носење буркини, а коишто ќе бидат казнети.
„Одлучив да ги плаќам казните во име на жените коишто ќе бидат казнети поради носење буркини за да им ја осигурам слободата да го носат тоа што го сакаат, а над сѐ за да го неутрализирам опресивниот и нефер закон“ – изјавил Неказ.
Жените коишто не ја почитуваат забраната за носење буркини се соочуваат со казна од 150 евра или со одработување на социјално-корисна работа.
Засега, забраната за нсоење буркини на јавните плажи во Франција важи до 31. август.
Првата дизајнерка на буркинито, Ахеда Занети, вели дека буркинито е погрешно сфатено:
„Не можам да поверувам дека политичарите би можеле да се мешаат во тоа каков костим за капење ќе избере жената за плажа. Тоа е облека за капење и пливање за која се одлучуваат жените, без оглед на верата. Ниту една жена не е приморана на тоа. Едноставно, тоа е нивен избор, а политичарите погрешно ја сфатија намената на буркинито“ – изјавила таа за CNN.Рашид Неказ, богаташ, претприемач и борец за човекови права од Алжир, се понуди да им ги плаќа казните на жените во Франција кои нема да ја почитув

Пронајдете не на следниве мрежи: