Бизнисмен од Македонска Каменица купувал гласови за СДСМ

Познатиот бизнисмен од Македонска Каменица, Миле И. потрошил 50.000 евра за купување на гласови за последните избори.Со негови пари биле правени пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена кои биле делени меѓу жителите во селата околу Македонска Каменица, за време на изборниот молк. Се претпоставува дека биле поделени повеќе од 300 такви пакети од кои секој бил со вредност од најмалку 10.000 денари, а било давано и кеш доколку некој гласач барал повеќе.
Со овие пари бизнисменот од Каменица го купувал местото кандидат за градоначалник за идните локални избори на негов близок роднина кој веќе еднаш се кандидираше за градоначалник од редовите на СДСМ и изгуби со огромна разлика.
Во Каменица се зборува дека е нормално што вакви скриени играчи се појавуваат сега и дека дури и ако СДСМ дојде на власт се знае која фамилија ќе ги ужива нејзините благодети и дека за обичните луѓе нема да има ништо.
Во СДСМ во Македонска Каменица покрај за кандидат за градоначалник, каде борбата ќе се води меѓу тројца-четворица нивни членови, веќе се лицитира и со добитните места на советничката листа.
Извор: Журнал.нетСо негови пари биле правени пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена кои биле делени меѓу жителите во селата околу Македонска Каменица

Пронајдете не на следниве мрежи: