Благодетите на музиката

Музиката не прави поинтелегентни и ни го збогатува вокабуларот, ни помага побрзо да се опоравиме од некоја лоша здравствена состојба, па дури и тажните песни делуваат позитивно на расположението.Музиката се доживува со душата
По тишината, музиката е најмоќното изразување на тоа што со зборови не може да се искаже. Музиката може најпростиот момент во животот да го претвори во прекрасна пригода. Влијанието на музиката е запишано во гените на човекот, и позитивно влијае и на физичкото и на психичкото здравје.
Помага при развојот на интелегенција
Учењето свирење некој инструмент или пеење не само што ги подобрува вашите музички способности, туку ги унапредува и когнитивните и говорните вештини. Децата кои се повеќе изложени на музика имаат за 30% подобри резултати во училиште отколку тие кои не слушаат музика.
Прави да ве полазат морници
Речиси 90% од луѓето барем еднаш во животот го почувствувале ова. Најчесто им се случува на луѓе со отворен ум и авантуристички дух, кои целосно ги воспремаат новите композиции кои ги слушаат. Оттука заклучокот дека колку повеќе слушате музика, толку повеќе таа физички ке влијае на вас.

 
Заедничкото пеење и свирење ги зближува луѓето
Музиката е исто така и социјализаторска дејност. Луѓето се чувствуваат задоволно кога заедно и синхронизирано пејат или свират. Членството во некој бенд или хор ги зближува луѓето, па се раѓаат многу добри пријателства и прекрасни љубовни врски.
Спречува болести на срцето
Многу лоши состојби и болести на срцето може да се стабилизираат со слушање музика. Научниците потврдиле дека слушањето музика го смирува срцето, го намалува високиот крвен притисок и го намалува стресот.
И тажната музика може да ве орасположи
Една стара поговорка вели дека кога ништо не помага, само музиката ги брише солзите и го храбри срцето. Научно е докажано дека тажните песни помагаат луѓето да се соочат со тагата и да ги препродат тешките моменти во животот.
Бојата на музиката
Речиси сите луѓе додека слушаат музика замислуваат бои. Претежно тажните песни не тераат да замислуваме темни и ладни бои, додека брзите поп песни ни будат слики со светли и топли бои. Како вие го гледате светот додека се шетате низ паркот и ја слушате вашата омилена песна?Музиката се доживува со душата
По тишината, музиката е најмоќното изразување на тоа што со зборови не може да се искаже. М

Пронајдете не на следниве мрежи: