Компанијата за преработка на маслодајни семиња “Благој Ѓорев” АД од Велес склучи договор за соработка со своите деловни партнери во Црна Гора и отсега производите од своето портфолио ќе ги пласира и на овој пазар. Истовремено, поради зголемената побарувачка и добрата прифатеност на производите од страна на потрошувачите, Благој Ѓорев ќе реализира и поголем извоз на своите производи од досегашниот во Албанија. Покрај овие два странски пазари, оваа македонска компанија веќе трета година по ред извезува поголем асортиман од своите производи во Косово, а од пред две години и во Босна и Херцеговина.
На странските пазари се пласираат добропознатото масло за јадење Кристал, повеќе видови на маргарини, како и други производи од широкиот асортиман на оваа македонска компанија. „Благој Ѓорев“ минатата година прослави 90 години постоење на македoнскиот пазар.Благој Ѓорев е и единствениот откупувач на маслодајни семиња во Македонија. Исто така, се откупува сончоглед исклучиво од македонските сончогледови полиња, со што оваа компанија дава значаен придонес во одржувањето на оваа земјоделска гранка.
„Извозот во Црна Гора за нас е од големо значење, бидејќи е резултат на силните напори и заложби на нашиот тим за пробив на овој странски пазар и доближување до тамошните потрошувачи. Истовремено, горди сме и на пласирањето на нашите производи во Косово, Босна и зголемениот извоз во Албанија, што ни овозможува порентабилно искористување на нашите капацитети и потврда дека можеме да бидеме конкурентни со квалитет и да се пробиеме и на други пазари. Зголемениот извоз значи и можност за зголемување на обемот на производство, порентабилно производство, одржување и подобрување на квалитетот на нашите производи, а се разбира и поголема профитабилност. Целосно го имаме имплементирано ISO 9001:2000 стандардот, а во завршна фаза сме и на воведување на Халал стандардот, со што сакаме да го подобриме и стандардизираме квалитетот на нашите производи.
Маргаринот и маслото „Кристал“ се нашите знаменосци, производи кои се дел од македонската традиционална кујна долги години наназад и производи со кои израснаа повеќе генерации. Се надеваме дека и на странските пазари нашите производи ќе го пронајдат патот до срцата на потрошувачите и ќе успееме да ја стекнеме нивната доверба. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи“ изјави г. Горан Лазов Генералниот Директор на Благој Ѓорев. „Благој Ѓорев“ како фабрика за масло работи од 1923 година до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство. Покрај маслото за јадење и маргаринот, во основните производи на компанијата спаѓаат и растителната маст и растителната мрс, а компанијата на пазарот нуди и висококвалитетни производи за широка потрошувачка: далеку прочуената велешка таан алва, локумот со разни вкусови, желе бонбони, пакувањата од кокос, сусам, какао, алкохолен, вински и јаболков оцет, како и зачинот Кристал кој изобилува со најразлични видови сушен зеленчук.Благој Ѓорев ќе реализира и поголем извоз на своите производи од досегашниот во Албанија. Покрај овие два странски пазари, оваа македонска компаниј
Пронајдете не на следниве мрежи: