вторник, 24 ноември 2026
Најново

Благоја Куновски – Доре: Мастер класата на Џон Сил е историски настан за „Браќа Манаки“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ИФФК со задоволство соопштува дека реакциите од денешниот мастер клас на лауреатот на Златна Камера 300, Џон Сил се повеќе од позитивни. Сите што денеска беа во публиката за да го слушнат Џон Сил, се воодушевени и тоа не само студентите и младите филмаџии, туку и искусните кинематографери кои го напуштија собранието на ИМАГО, само за два часа да го слушаат великанот на светската кинематографија, Џон Сил.-Ова со сигурност е најдобриот мастер клас во историјата на постоењето на фестивалот „Браќа Манаки“, ова е голем историски момент за нашиот фестивал. Снимката од предавањето на Сил веќе ни е побарана од Меѓународната федерација на кинематографери , ИМАГО – рече Благоја Куновски – Доре, директор на фестивалот Браќа Манаки.
Мастер класата на Џон Сил траеше два часа жво преполната сала на Центарот за култура во Битола. Меѓу посетителите беа голем број светски кинематографери, оскаровецот Алан Старски, како и голем број млади филмаџии од Македонија и од странство.-Ова со сигурност е најдобриот мастер клас во историјата на постоењето на фестивалот „Браќа Манаки“, ова е голем историски момент за на

Поврзани вести