Основачот на веледрогеријата Зегин Благој Механџиски е добитник на наградата регионален менаџер која се доделува во конкуренција од 3.000 менаџери од десет земји на Југоисточна Европа или вкупно 200 илјади жители.Механџиски е избран по строги критериуми кој се поставени од меѓународните стандарди во соработка со амбасадите од овие 10 земји, нивните економски комори, како и сите други стопански институции кои даваат мислење за предложените кандидати.
-Наградите се доделени по успешност, креативност, континуитаност во работењето, растот на работењето, кое Зегин го направи во последните години, а веќе Зегин во Србија има 70 отворени аптеки и Зегин како мултинационална компанија отвора и други преставништва и веќе секаде сме препознатливи и ова е прво признание, бидејќи Зегин е единствена компанија која започнала од нула, а јас сум основач и делата кажуваат сами по себе. 3.000 линчности беа предложени од сите тие земји и критериумите за да се дојде до таа награда е голема.
Тој вели дека тоа не е саемска награда или пак музичка за да се гласа, вели дека тоа се економски критериуми кои се строго препишани и оваа награда е заслужена.
Ракометарите на Вардар Скопје, уште една награда до граѓаните на Република Македонија и сме горди ние што вака надвор од сите други збиднувања, со една мала земја ги претставуваме делата. Значи не красат секаде и сите успеси се резултат на работа. Ова што јас го добивам сега е резултат на работа, чесна работа, работа од нула почнато до ова и сметам дека приложеното повеќе зборува, ја не би зборувал повеќе. Уште еднаш да ги поздравам гледачите и уште една честитка до ракометарите на Вардар Скопје.
Сопственикот на Зегин, Механџиски зборуваше и за идните планови на компанијата.
-Ние сега правиме интернет аптека, имаме некои акции, таа исто така ќе биде интернационална и влегување на пазарот во Романија. Исто влегуваме во Полска, тоа е пазар од скоро 70-80 милиони, добро е изанализиран, ги имаме потенцијалите, кадровските решенија, брендот ни е доста познат. Ние сме еден веќе еден добро познат бренд и сметам дека нема да застанеме на тоа, се додека имаме ваква подршка ваков добар тим од соработници, сметаме дека не треба да застанеме, бидејќи во бизнисот нема граници, нема граници на способните, на способните не им требаат граници, ниту монопол, ниту политички бариери. Способните луѓе прават мостови, а не рушат мостови, заврши Механџиски.Механџиски е избран по строги критериуми кој се поставени од меѓународните стандарди во соработка со амбасадите од овие 10 земји, нивните економски