Покрај тоа што е убава и популарна како актерка, Блејк Лавли е многу едноставна и практична девојка.
Сега ќе ви ги претставиме тајните за нејзината убавина.
Актерката Блејк Ливели е олицетворение на природна убавина, нејзината главна предност е во прекрасната златеста коса. Оваа преубава девојка е заштитен знак на новиот парфем на “Gucci” парфемот “Gucci Premiere”. Таа на новинарите од модниот сајт “Refineri 29” им откри како ја негува и обликува својата коса. Блејк Ливели вели дека повеќе преферира пуштена коса .
-Ми се допаѓа кога косата ми е слободно пуштена и лепршава, има нешто романтично во тоа“ вели таа, додавајќи дека нејзината природна фризура и овозможува да се чувствува сигурно на црвениот тепих. Блејк, која минатата година се омажи за актерот Рајан Рејнолдс изјави дека нејзините златни локнички и служат како параван, бидејќи по природа е срамежлива девојка. Ова сигурно ќе ги изненади нејзините многубројни обожаватели. Кои во позната серија “Gossip girls”ја запознаа во улогата на самоуверената Серина Ван Дер Вудсен. Ефектот на таласести локни го постигнува со миење и сушење на косата, а подоцна ја собира во пунџа се додека целосно не се исуши.
-Кога ќе ја пуштам косата, ми изгледа како да е природно брановидна.
Актерката изјавува дека ужива во појавувањата на црвениот тепих и нив ги доживува како журка со маски. Иако е наградена со природна убавина, таа признава дека има трема при појавувањата на црвениот тепих, особено кога фотографот се обидува да ја фати во непријатна позиција.
Извор: Блиц.рсПокрај тоа што е убава и популарна како актерка, Блејк Лавли е многу едноставна и практична девојка.