Не се добројуваат непрофесионалните срамни грешки кои секојдневно ги прават медиумите финансирани од СДСМ/Сорос, чија задача е секојдневно да служат како партиски мегафони и егзекутори на највалканите медиумски кампањи на опозицијата.Она што зачудува е што на оваа листа покрај дежурните „мактеловци и докази“ се почесто влегуваат и медиуми кои себе сакаат да се сметаат за респектабилни и кредибилни, пред сѐ поради минатиот труд, пишува Курир.Па така, стана секојдневие и Плусинфо на Героски и некогаш респектабилниот Фокус да се полнат со чисти шпекулации и „жолтило“, без да се провери точноста на информациите иако секој просечен новинар може да го направи истото со еден телефонски повик.
Но повторно се докажува дека вистината не е императив за соросовите гласила како Плусинфо, Фокус и Доказ и дека кога се смерниците од СДСМ во прашање, овие медиуми се подготвени беспоговорно да ги извршат партиските задачи, иако со тоа влегуваат од срам во срам и тоа ги чинело потполно губење на репутацијата.
Вчерашниот блам на денот беше во врска со појавувањето на листите на ВМРО-ДПМНЕ на Валентина Стефановска, претседателката на Унијата на жени од Тетово. Соросовите медиуми на СДСМ веднаш се обидоа да ја лажат и манипулираат јавноста дека се работи за скулпторката Валентина Стефановска, а не за тетовчанката од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Топката која ја сервираа“ Фокус и Плусинфо, реши меѓу другите да ја „закуца“ и човекот-култура во СДСМ, Роберт Алаѓозовски, кој поведен од желбата за лична пресметка и за собирање поенчиња и ширење гнев на интернет, од Алаѓозовски стана Алапачовски. Покрај Алаѓозовски „се избањаа“ и уште многу други членови и жестоки активисти на СДСМ, кои без проблем, како и секогаш досега кога биле фаќани со турнати гаќи, ќе си го одмолчат и овој нов блам и ќе продолжат како ништо да не било.
Инаку, на Фокус и порано му се случувале вакви резили на јавна сцена. Најсвежо е сеќавањето кога, исто како и сега, Фокус можеше со еден телефон да провери дали Даниела Рангелова која живее на адреса во Брвеница, Тетовско, на која живеат уште 127 други луѓе е претседателката на Унија на жени, или не е. Наместо тоа, Фокус тргна во хајка објавувајќи бомбастични наслови и слики со кои требаше да се создаде фама односно да се „потврдат фантомите“ на избирачкиот список преку познат пример – а првата меѓу жените на ВМРО-ДПМНЕ им се виде како одличен пример.
Но, како и сите желби за сензација и лаги на СДСМ/Сорос, и оваа траеше 15 минути. Веднаш со демант се јави пратеничката Рангелова која дури и отиде на терен да се слика со својата „двојничка“ која живее на адреса со 127 луѓе затоа што во Брвеница нема уличен систем и сите се водат на иста адреса. Истото што го направи пратеничката Рангелова можеле да го направат и новинарите на Фокус и да се спасат од блам. Но, очигледно тоа не бил интересот и макар по цена на блам имале очајна потреба или наредба „од горе“ да оцрнуваат колку што можат и не можат.
Очигледно друго и не може да се очекува од Фокус кој беше медиумскиот слуга кој ја туркаше и приказната за фалсификуваните пасоши и лични карти, за која се испостави дека е целосна организација на СДСМ за да се скандализираа функционери на ВМРО-ДПМНЕ преку исти такви медиумски хајки.Па така, стана секојдневие и Плусинфо на Героски и некогаш респектабилниот Фокус да се полнат со чисти шпекулации и „жолтило“, без да с
Пронајдете не на следниве мрежи: