Блам: Советниците на СДСМ кои гласаа против чистење на одводните канали во Гази Баба повторно лажат пред очите на јавноста

Советниците од коалицијата на СДСМ кои во февруари 2016 бараа општина Гази Баба да не го субвенционира чистењето на одводните канали во корист на граѓаните кои имаат земјоделско земјиште, влегуваат од лага во лага. 
Според она што го кажа советникот Николовски во неговиот збунет и конфузен настап на денешниот прес, „провладините“ медиуми „го натерале“ него и неговите колеги од СДСМ да бараат општината да не го субвенционира чистењето на одводните канали – односно веста дека советниците на СДСМ не сакале да се чистат каналите, туку со тие пари да се прават еко-фасади и кровови на градинки била неточна манипулација.

Ако „баба лаже“, официјален извештај од општина не лаже. А на него добро се гледа дека Дарио Николовски е еден од групата опозициони советници кои на седницата на општина Гази Баба одржана на 22.02.2016 година биле против субвенциите од општината за чистење на одводните канали и барале повлекување на точката за субвенционирање на чистењето од дневен ред.
За среќа по животот на граѓаните, мнозинството советници биле против предлогот на советниите од СДСМ, кои пак разочарани од тоа што општината повторно, седма година по ред ќе субвенционира чистење на одводните канали, не гласале за точката која претходно барале да се повлече.
Тоа е евидентно од извештајот од седницата, дури и за збунети советници фатени во лага како Дарио Николовски од СДСМ. Вкупно 16 советници од владејачкото мнозинство се против барањето за повлекување на точката од дневен ред, наспроти 7 советници кои се за. Во моментот кога се усвојуваат субвенциите за чистење на канали, со „ЗА“ гласаат истите 16 кои биле против укинување на точката од дневен ред.

 
За советниците на СДСМ, како што се гледа на извештајот од седницата кој го побаравме и добивме од општина Гази Баба, сумата од речиси 3.900.000 денари со која се субвенционира чистењето на одводните канали била „превисока“ и СДСМ-овските советници бараат општината да престане со оваа активност, а парите да ги пренамени во други цели.

Ваквото дејствување на опозицијата според експертите кои ги консултиравме е класична шема на однесување на СДСМ-овската опозиција, која има за единствена цел да биде контра секоја одлука на владеачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тие сакаат само да бидат против, да има конфликт и да создадат хаос и проблеми во работењето на општините во кои владее ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да размислат дека со таквото деструктивно делување некогаш може да предизвикаат штета од несогледливи размери, велат нашите соговорници.
На денешната прес-конференција која ја оддржа Николовски, новинарите го прашаа како го коментира фактот дека тој и колегите од опозицијата биле против чистење на каналите. Тој одговара:
„Тоа е класично манипулирање на провладините мегафони, во скорешниот период ќе добиете целосен, целосен изглед на записникот од таа седница. Она што го коментираат провладините медиуми околу тоа дека ние сме барале повлекување или сме гласале, знаете како оди гласањето на седници на совет на општината, тоа е гласање каде што не се гласа поединечно и провладините медиуми може само да манипулираат кој за кого гласал“.
 
 

Оваа трагикомична изјава на Николовски кога се обидува да го одбрани неговото скандалозно однесување заедно со неговите колеги би била смешна, доколку поплавите не завршеа со трагичен биланс за десетици животи. Медиумите ниту го создаваат извештајот за работата на советот, ниту пак ги терале советниците на СДСМ да бидат против чистењето на каналите само за да одат контра власта.
Циркузот не завршува тука. Новинарите го потсетуваат Николовски дека тој и колегите од СДСМ тврделе дека повеќе пари треба да се дадат за некоја друга намена и би биле подобро искористени. На тоа Николовски повторно влегува во нов блам и ги обвинува медиумите употребувајќи „селски итроштини“.
„Ќе ја цитирам мојата изјава во делот што они го објавија, а ве убедувам дека тој дел не е во целост објавен, но ќе ја цитирам уште еднаш мојата изјава на крајот од таа дискусија каде што гласи се она што го бараме не е за штета на граѓаните, ние бараме само обезбедување на дополнителни средства за сите останати активности“.
„Лажеш Дарио“ -веројатно би му рекол секој кој го прочитал извештајот од седницата од февруари 2016 година. Во него совршено јасно се гледа дека СДСМ бара да не се субвенционираат одводните канали во општина Гази Баба и со парите да се прават еколошки фасади. Точно е дека еколошките фасади се од корист на граѓаните, но тие малку помагаат во поплави како овие што се случија во скопскиот регион. За СДСМ парите кои се користат за субвенционирање на чистењето на одводните канали се премногу, и сакаше точката да се повлече од дневен ред. Откако ова не им успеа, СДСМ не гласаше за чистењето на каналите.
Тоа е вистината која е целосно пренесена, вистината која очигледно го буни Дарио Николовски и предизвикува тој нервозно да се кочи пред камера. Но и вистина од која нема бегање. 
Според она што го кажа советникот Николовски во неговиот збунет и конфузен настап на денешниот прес, „провладините“ меди

Пронајдете не на следниве мрежи: