Бранко Героски и Плусинфо доживуваат целосна бламажа и крах. Практично со деновиве ја развиваат тезата дека Груевски е изолиран, а тоа пропадна како меур сапуница кога Груески за два дена се сретна со врвот на ЕУ и со повеќе премиери на држави.На крајот, вистинската бламажа ја доживеаја кога објавија фотографија со манипулација дека се работи за семејна фотографија на Самитот на ЕПП, на која го нема Груевски.
Вистината е дека не се работи за таков вид на фотографија, а освен Груевски на фотографијата на Плусинфо го нема ниту премиерот на Унгарија Виктор Орбан, генералниот секретар на ЕПП Истурих, премиерот на Шпанија Маријано Рахој, автрискиот МНР Себастијан Курц и многу други.
Вистинската Фамилијарна фотографија се направи веднаш по завршувањето на Конгресот, а на нејзе е присутен Никола Груевски, веднаш до претседателот на Европската комисија, Жан Клод- Јункер. На нејзе се присутни и Жозеф Дол, Доналд Туск, Ангела Меркел и сите останати европски лидери од Европската народна партија.
Груевски за два дена оствари средби со врвот на европскиот политички естаблишмент. Тој се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол, претседателот на Совет на Европа Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, словенецот Јанез Јанша, со Христијан Шмид- германски федерален министер, со европратениците Алојз Петерле и Ебер Брок, со домаќинот на ЕПП и претседател на националната партија на Малта Симоне Бусутил, со Силвио Берлускони и други.На крајот, вистинската бламажа ја доживеаја кога објавија фотографија со манипулација дека се работи за семејна фотографија на Самитот на ЕПП, на к