Блаже Конески: Јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина

Послушајте Македонци, подвикнал академик Блаже Kонески седум години пред смртта, многумина се уште посакуваат македонскиот народ да биде само објект, а не и историски субјект, објави Дневник.

Еве, триесет години подоцна, оние што посакуваат македонскиот народ да биде „објект“ што ќе го делат и присвојуваат, стигнаа до прагот да го резнебитат со помош на банда „внатрешни соработници“, непријатели на сопствениот народ.

Подготвувајќи се две години со странски инструктори за самоуништување, македонските велепредавници можеби ќе добијат можностда го довршат проектот за уништување на македонскиот јазик, македонскиот национален идентитет и македонската унитарна држава. Но, сепак, во контекст на Kонески, да се надеваме дека луѓето што беа измамени од разни „чадорџии“ и „бомбаши“, со помош на амали од локално потекло, да речеме, навреме ќе сфатат дека мора да побегнат од „болните луѓе што се накажани“, зашто „тие се мислат повикани да водат како Мојсија и другите пророци, а самите не можат да се ослободат и влечат по себе ситни пороци“.

Притоа, за жал, остануваат уште многу малку денови за да се фати насоката по која ќе се тргне кон иднината, па штом „тие лево ќе фатат, јас десно да одам“. Последен момент е да се остави антимакедонската багра да се удави во фекалиите на велепредавничкиот канал лево, а народот да излезе на патот десно, да ја фати вистинската насока за спас на Македонија: „Штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам!“. А дека работите одамна тргнаа по патот на „злобата од која многумина одвај се живи“, се виде уште со уништувањето на спомениците и објектите што ги изразуваат историскиот континуитет, националниот идентитет и државноста на Македонија. Завршниот удар се прави деновиве со уништување на македонскиот јазик, како „единствена неподелена татковина“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.