По огромниот интерес за „Љубовникот на Ленин“ на годинашиот Саем на книгата во Скопје, денес од 11 до 17 часот на Штандот на „Матица македонска“ авторот Блаже Миневски ќе се дружи со читателите и ќе потпишува примероци од романот. Романот „Љубовникот на Ленин“ е приказна за тивката тага и бучната измама; приказна за .читањето што се враќа како врева на прочитаното; исповед на оној што го слуша тоа што го читал како да го чита некој друг. Главниот лик во романот, интелектуалец со одредена парапсихолошка дарба, чие име на директен начин е поврзано со насловот на книгата, наследува огромен, таен фонд документи од својот татко, соработник на службите за државна безбедност. Во потрага по мистериозни информации скриени во архивата, открива сензационални тајни од приватниот и јавниот живот на многу луѓе, но и многу историски записи и неверојатни факти за сопственото семејство. Во последните сцени од романот се случува шокантниот расплет на романот што го дознаваат само оние што ќе го прочитаат извештајот на вештакот.
Инаку, на Штандот на „Матица македонска“, освен „Љубовникот на Ленин“, кој се продава како бестселер, иако уште не е официјално промовиран, посетителите на Саемот изминативе три дена ги бараа и другите романи на Миневски, почнувајќи од „Мемоарите на една млечка“ преку „Црна лисица“ до „Нишан“ и „Свирци“, чиј тираж заклучно со вчерашниот ден целосно е исцрпен, а кои се продаваат по саемска цена од 100 денари. Романот „Љубовникот на Ленин“ е приказна за тивката тага и бучната измама; приказна за .читањето што се враќа како врева на п