Блажеска: Никој не ги суспендирал, ниту одзел овластувањата на државата за ИПА-средствата

Ниту е поведена постапка за суспендирањето на ИПА-средства за Македонија, ниту, пак, има најави за одземањето на ингеренциите на државата за спроведувањето на ИПА-фондовите, изјавува за „Дневник“ Ана Блажеска, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања. Таа објаснува дека во јавноста последниве недели се појавија многубројни невистини, интерпретации и шпекулации околу тоа што се случува со овие средства кои се користат во нашата земја. Односно, дека тоа станало поле за дневнополитички престрелки и покрај очигледноста на состојбите во однос на користењето на овие средства.Според Блажеска, сосема се погрешни тезите што се пласираат во јавноста дека на земјава ќе ~ биде одземена акредитацијата за управување со европските фондови.
– Се работи за намерно погрешно читање на писмото на генералниот директор Kристијан Даниелсон каде што се вели дека годинашната алокација за 2016 ќе се имплементира директно, односно, централизирано. Еден од основните „новитети“ во ИПА 2 е постоењето на повеќе различни начини на имплементација: директен – преку Делегацијата на ЕУ, индиректен – преку Министерството за финансии и националните институции, имплементација преку меѓународни организации и преку секторска буџетска поддршка. А кој модалитет ќе се примени зависи од повеќе фактори. Значи, овој пристап на преземање одредени проекти и програми во директно управување не е „ексклузивен“ за РМ, туку се применува и во сите други земји од регионот како своевидно искуство стекнато во ИПА 1, нагласува Блажеска.
Сега, додава таа, националните институции како главни корисници на ИПА-проектите продолжуваат да ја носат одговорноста за програмирањето, при што соработуваат со Делегацијата на ЕУ и експертите кои ЕУ ни ги става на располагање. Во тој контекст, досега се програмирани околу 400 милиони евра од вкупно 664 кои ни се на располагање во ИПА 2 од кои околу 70 отсто ќе се спроведуваат индиректно, преку македонските институции.
Инаку, дел од шпекулациите во јавноста биле и тврдењата дека неодамнешниот Извештај на Судот на ревизори открил дека постои злоупотреба на европските фондови. За утврдувањето на можните злоупотреби и неправилности при користењето на европските фондови задолжена била ОЛАФ – Европската канцеларија за спречување на корупцијата. Блажеска додава дека екстремно е тешко да се направи проневера во ИПА од која е и да е национална институција или поединец.
-Нашиот систем функционира со повеќекратни претходни или ексанте контроли кои ги прави Делегацијата на ЕУ. Со тоа можностите за злоупотреба од страна на националните институции дополнително се минимизираат. Секоја тендерска документација минува во просек 47 „пинг-понг“ препраќања на релација институција – корисник – Министерство за финансии – Делегација на ЕУ за да се финализира и одобри за објавување. Дополнително и секоја евалуација се одобрува последователно или експост во Делегација. И во текот на спроведувањето на проектите постојат повеќе контролни механизми. Внатрешна ревизија, ИПА ревизорско тело како и ревизии од соодветните генерални директори на Европската комисија, кои го следат системот, проектите и управувањето со ИПА. На крајот, доаѓа Европскиот суд за ревизори, наведува државната секретарка.
Таа објаснува дека не била поведена ниту постапка за суспендирање на ИПА-средства. Сега, за разлика од ИПА 1, во ИПА 2, почнува да се применува секторски пристап и постојат низа предуслови и мерки кои требало да се исполнат во секој од предвидените сектори. Доколку ЕK утврди дека критериумите за секторски пристап не се целосно исполнети, средствата се губеле и намалувале уште во фаза на програмирање.
 
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ГИ НАМАЛИ СРЕДСТВАТА
Намалените средства во 2016 г. се главно во областа управување со јавни финансии и тоа пред се поради тоа што 6 месеци имавме техничка влада задолжена за спроведување избори, а не влада со целосен политички мандат да преземе одговорност за такви клучни реформи. Освен тоа, 6,5 од тие 27 милиони евра беа пренасочени кон фондот за справување со мигрантската криза, не само кај нас туку и во сите земји од регионот. Наместо погрешно да се расфрламе со термини како суспензија или санкција, и тоа да го користиме за дневно политички цели, треба да го сфатиме намалувањето на средствата како аларм. Односно итен повик за конструктивност од сите страни, а не само Владата, да се стави крај на кризата која ни нанесува огромна и тешко поправлива штета, потенцира Блажеска.Според Блажеска, сосема се погрешни тезите што се пласираат во јавноста дека на земјава ќе ~ биде одземена акредитацијата за управување со европски

Пронајдете не на следниве мрежи: