Блед и конфузен настап е заклучокот за одржаната прес-конференција на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.Спасовски на денешната прес-конференција одбегна да одговори дали се познава со Зекир Бекири Чауш и Аднан Сума и за што разговарале на средбите, иако од фотографиите е видливо дека тие имале соработка.
-Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа позиција и од позицијата која претходно ја имав, и тоа воопштво не е важно.Кога ви кажувам дека имам контакти со многу лица во Македонија тоа значи контакти се можни од секаков аспект, вели Спасовски.
Голем дел од новинарите не разбраа зошто Спасовски одржа прес-конференција кога на сите конкретни прашања одбегнуваше да даде прецизен одговор.
Новинарите беа упатувани до надлежното обинителство за подетални одговори, бидејќи тоа ја водело истрагата, а МВР го посочуваше за ненадлежно.
Спасовски не даде одговор и се обиде да прикрие како кај осомничените лица се најдени снимени разговори сочувани во фолдер „СДСМ-Заев“. Дел од медиумите денеска објавија дека фолдерот бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската преземена од Зоран Заев за преземање на незаконски стекнатите материјали.
Преку 70.000 незаконски снимени разговори се пронајдени кај осомничените во случајот „Фабрика за афери“. Овие фајлови биле складирани на еден од надворешните хард дискови во фолдер именуван „СДСМ – Заев“.
Спасовски, претседателот на СДСМ Зоран Заев и уште неколку функционери на СДСМ имале директна комуникација со прво осомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш.
Средбите започнале во септември минатата 2014 година, а се одржувале во седиштето на СДСМ во Скопје, но постојат докази дека Оливер Спасовски лично бил во објектот на Фабриката за афери и тоа неколку пати.
Во нивните компјутери најдени се и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки, а во нив требало да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми.
Тие фалсификувани урнеци секако би се испратиле до медиумите кои ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки.Спасовски на денешната прес-конференција одбегна да одговори дали се познава со Зекир Бекири Чауш и Аднан Сума и за што разговарале на средбите, иа