Блерим Кучи: Тачи и ДПК се во коалиција со радикалните екстремисти!

Поранешниот косовски министер за полиција Блерим Кучи, денеска директно го обвини Хашим Тачи и Демократската партија на Косово дека се одговорни за ширењето на радикален екстремизам.Во изјава за весникот Експрес, Кучи вели дека ДПК е во коалиција со тие екстремисти и благодарение нивните гласови, таа партија победи на изборите.
„Сигурен сум дека МВР на Косово одамна има детални информации за сѐ што прават екстремните струи во Косово. Прашањето е: Зошто МВР не делуваше веднаш кога имаше доверливи информации?“, се запраша Кучи.
„Сепак, одговорот е јасен, бидејќи во МВР и во Владата на Косово има лица кои се директно или индиректно поврзани со тие екстремисти, а Тачи имаше потреба за нивните гласови“, рече Кучи.
Кучи додаде дека Партијата за правда што е во коалиција со Тачи и неговата ДПК, ги зеде под заштита луѓето кои биле уапсени за екстремизам, истакнувајќи дека јавноста треба да се воздржи и дистанцира од екстремни оценки.Во изјава за весникот Експрес, Кучи вели дека ДПК е во коалиција со тие екстремисти и благодарение нивните гласови, таа партија победи на изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи: