Блесна Перо Антиќ – постигна рекордни 16 поени!

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ вчера првпат беше во почетната петорка на неговиот тим Атланта Хокс, и веднаш се наметна како најдобар стрелец во тимот со 16 поени.Тимот, сепак, несреќно загуби од Голден Стејт Вориорс, со ударот на Андре Игудала за три поени во последните секунди, за кој Антиќ презема одговорност.
Популарниот Перо се истакна со прецизните удари за три поени, постигнувајќи четири од шест обиди, како и уште седум скокови, во вкупно 27 минути поминати на теренот во Атланта. Со вкупно 16 поени, Антиќ беше најдобар во неговиот тим, и неговиот настап беше најкоментирано изненадување на натпреварот.
 „Уште се прилагодувам на играта. Никогаш не сум играл на оваа позиција во мојата кариера. Имаме многу стрелци во тимот, јас само се обидувам да ги соберам топките, да играм добро во одбраната, да ги отворам соиграчите и да се обидам да погодам кога ќе имам отворена можност за шутирање. Се што е потребно да победиме!“ изјави Антиќ по натпреварот за Атланта Џурнал Конститушн, водечкиот дневен весник во Атланта.
 Тимот, сепак, несреќно загуби од Голден Стејт Вориорс, со ударот на Андре Игудала за три поени во последните секунди, за кој Антиќ презема одговорн

Пронајдете не на следниве мрежи: