Близок соработник на Спасовски и Шилегов одговорен за операцијата „Поткуп со дрва“-Фото

Во екот на изборната кампања се појавија информации за поткуп на гласачи од страна на опозицијата предводена од СДСМ преку свои НВО. Во борба за глас повеќе, на точно една недела пред гласањето се поткупуваат гласачи Роми од Куманово со делење дрва, кои велат дека СДСМ стои зад оваа акција, а невладината организација се користи само како параван зад кој се крие обидот да се придобијат нивните гласови.Информациите од МВР до кои дојдовме потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладината организација кои се претставиле како хуманитарно здружение „Романо Пралипе“ тврделе дека за акцијата која ја спроведувале во моментот имале проект за што бил запознаен и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, дотолку повеќе што со истиот имале договорена средба веќе за денеска (5 декември) на која требало да биде потпишан договор не само за овој, туку и за други проекти.
 
Проектот кој требало да го спроведе невладината организација, а всушност е купување на гласови, предвидувало делење на 300 кубни метри дрво на 150 ромски семејства. Само во петокот ден биле поделени 66 кубни метри дрва на 33 семејства од ромска националност.
 
Казим М. кој е еден од лицата на кои им биле дадени огревни дрва, вели дека со партиска книшка од СДСМ на која со друго пенкало си го има допишано матичниот број, се легитимира. Истакнува и дека кога од СДСМ биле во посета на нивното маало им било речено „да не се секираат за ништо бидејќи сега полицијата е под СДСМ“.
 
Првиот човек на НВО близок соработник на Спасовски и Шилегов
Одговорен за целата опeрација „Поткуп со дрва“ е првиот човек на здружението Мемиш Гарп, кој според овие фотографии до кои дојдовме е близок соработник на генералниот секретар на СДСМ и технички министер во МВР Оливер Спасовски, како и партискиот портпарол Петре Шилегов.
 
Според информациите, се повикуваат лицата кои добиле дрва, истите се фото документираат и одземаат со потврда за привремено одземени предмети, а ќе се разговара и со лицата кои не добиле дрва. За се’ е известен јавен обвинител и се работи по негови насоки.
Според Казнениот законик, на лицето кое дава поткуп при избори и гласање му се заканува затвор од најмалку 5 години.
 Информациите од МВР до кои дојдовме потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладин

Пронајдете не на следниве мрежи: