BMW наскоро ќе ја замени актуелната генерација М3 со нов модел но, тоа нема да ја намали популарноста на V8 агрегатот помеѓу љубителите на автомобили и тјунерите.
Пример за тоа е германската тјунинг куќа Tuner Leib Engineering, која одлучила да покаже што се може да направи со Е92 М3 купе верзијата.
Неговата моќност е зголемена од 420 на 470 КС, благодарејќи на новата единица за контрола на работата на моторот, издувниот систем изработен од челик со X-pipe издувни цефки и Pierburg вентили.
За да бидете сигурни дека овој М3 ќе застане, тјунерите вградија нови Brembo кочници. Во овој модел вметнати се и елементи од јаглеродни влакна, односно во спојлерите и оквирите на ретровизорите.
Конечниот резултати од овој овој тјунинг е едноставен автомобил со голема моќност, баш како што сакаат германците.BMW наскоро ќе ја замени актуелната генерација М3 со нов модел но, тоа нема да ја намали популарноста на V8 агрегатот